post

Најдоброто на претприемач во 2012 година

Започнавме да ги броиме последните денови од оваа 2012 година. За некого успешна, за некого просечна, а за некого…

Најлогично нешто, како и за сите години кои изминуваат е да се запаметат добрите работи, а да се заборават лошите. Надежта последна умира.

Како и секоја година тука на претприемач и оваа ќе ја завршиме со серијалот на постови за најдоброто на претприемач.

Прво би започнал со мала анализа на годината во заминување. До денес имаме објавено 1308 наслови, а оваа година беа вкупно 378 објавени наслови од различни теми од областа на претприемништвото при што преовладуваа темите за стартапи, односно започнување на бизнис и зголемување на продуктивноста.

Секоја година преовладува нешто ново. Можете да забележите дека оваа година воопшто не објавувавме теми на пример за интернет маркетинг, не дека не се важни или актуелни, туку едноставно поради фактот што последниве години сите веќе пишуваат за тоа, а тука веќе се обработени доволен број на теми со практични искуства. Од друга страна, од преголемата дупка (празнина) на македонското интернет подрачје за оваа тема (претприемништво) во веќе далечната 2007 и 2008 година кога се раѓаа идеите за овој веб сајт, полека но сигурно се обидуваме да ги пополниме сите тие празнини.

Оваа година само една е-книга ја збогати нашата колекција на бесплатни е-книги, а тоа е водич за изработка на маркетинг план. Останатите се во фаза на подготовка и ќе останат за следната година.

Мојата компанија, Шутевски Консалтинг, а со тоа и претприемач учествуваше заедно со Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење и Центар за развој на нови бизниси при Машински Факултет во Скопје во подготовка на една книга и еден водич. Книгата е Иновации и претприемништво (печатена верзија е целосно потрошена, во моментов се продава само електронска верзија), додека водичот е за процес на бизнис планирање. Но, не е само тоа, оваа соработка вроди и со развој на платформа за е-учење за претприемништво во која се содржани повеќе теми како и тестови за проверка на знаењето.

Тука е и премиум претприемач, кој во 2013 ќе претрпи големи измени во поглед на дополнителни едукациски материјали. Премиум претприемач 2.0 ќе има дополнителни 13 модули (сега засега како финални се 13, иако во работна верзија се 15-16), интегриран форум за членовите заради заедничка помош и развој на бизнисите, како и многу ресурси и алатки и помагала за успешно водење на бизнисот.

И секако да не заборавам, сеуште трае новогодишната промоција на премиум претприемач (до вечерва во 00:00 часот можете да заштедите 2500 денари).

Фокус за следната година?

Не би навлегувал во деталите, но сепак би можел да кажам дека темпото нема да се намали. Врвен приоритет ќе имаат клиентите на мојата компанија, премиум претприемач и сите сајтови на кои постојано работиме.

Сега, да се вратиме на онаа најдоброто на претприемач во оваа година. Во следните неколку денови ќе имате можност да прочитате една серија на постови кои всушност како и секоја година влегуваат во страната Започни тука, како една страна која е збир на она што е најдобро од претходната година.

Темите ќе бидат групирани како:

Како што ќе бидат објавувани насловите, така и ќе ги ажурираме линковите тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*