post

Најдоброто на претприемач во 2013

Полека но сигурно стасавме и до тоа да ја испраќаме оваа 2013 година. Како вчера да беа првите постови на претприемач но и денови во кои се правеа планови за се онаа што ќе се случува во годината што веќе си заминува.

претприемач нова 2014

Крајот на годината служи за една анализа и преглед на онаа што е планирано и што е сработено, но и врз база на тоа се прават подготовки за следната година. Следниве прашања може да бидат важни за вас во овој момент:

  • Што планирав да постигнам оваа година?
  • Што постигнав оваа година?
  • Зошто го постигнав тоа што го постигнав?
  • Зошто не успеав да постигнам нешто?
  • Како новата година да ја направам најуспешна година до сега?

Како и секоја година, така и оваа време е за една анализа на онаа што беше најактуелно и најкорисно на претприемач. Во скоро 1600 наслови, поточно 1593 наслови во изминатите 5 години ќе ги извлечеме оние најдобрите и најкорисните од оваа 2013 година. 277 наслови беа објавени токму во 2013 година.

Пред да преминам на темите, сакам да најавам дека во Јануари 2014 година ќе започнеме со темата промена на вашиот претприемачки мајндсет, каде ќе бидат обработени 10 совети кои би требало да ги искористите доколку сакате навистина да се подготвите не само за 2014 година, туку и за следната деценија. Освен обработката преку специфични наслови, и подкаст епизодите во јануари ќе бидат посветени токму на таа тема. Идеја е и да се одржи еден вебинар, но тоа ќе зависи од времето кое ќе го имам на располагање.

Денес и утре ќе бидат објавени сите наслови од оваа 2013 година кои се најкорисни, најчитани и најинтересни за вас како еден претприемач, групирани врз основа на темите.

Како што ќе бидат објавувани насловите, така и линковите на овој пост ќе бидат ажурирани.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*