post

Најголемиот проблем за вашиот бизнис и како да го решите

Факт е дека во вашиот деловен свет секогаш ќе постојат определени проблеми кои ќе бараат решение и секако превенција од повторно појавување. Но, сепак тоа не е најголемиот проблем во вашиот бизнис.

проблем

Најголемиот проблем е нешто сосема друго. Нешто многу поопасно за вашата компанија. Нешто што во повеќе од 90% води до неуспех за малите бизниси. Што е позначајно повеќето претприемачи едноставно не се ни свесни за постоење на таквиот проблем.

Сега, кој е најголемиот проблем за вашиот бизнис?

Едноставно најголемиот проблем е проблемот што вие воопшто не гледате некаков проблем во вашиот бизнис.

Колку побргу биднете свесен за постоење на овој проблем во вашата компанија, повеќе можности ќе имате да ја доведете вашата компанија на вистинскиот пат кој води кон успехот.

Па следното прашање е како можете да го решите овој проблем?

Ќе се обидам да одговорам на оваа прашање преку причините за појавување и постоење на овој најголем проблем со што ќе го решите едноставно преку елиминација на причините.

  1. Не сте успеале да изградите и интегрирате култура на решавање на проблеми во вашата компанија. Како прво мора да бидете свесни дека секогаш ќе постојат проблеми во вашиот бизнис. Едноставно сите проблеми претставуваат можности за подобрување. Решенијата претставуваат подобрување на тековната состојба. Тоа е факт кој не смее да го игнорирате доколку сакате вашата компанија да биде успешна компанија. Бидејќи знаете дека секогаш ќе имате проблеми едноставно вашата најголема одговорност е да работите на решенија за тие проблеми навлегувајќи во еден циклсу на постојано подобрување.
  2. Едноставно не сте начисто за тоа што сакате да постигнете со вашата компанија. Не можете да започнете со решавање на проблеми доколку немате цели кои јасно ги опишуваат достигнувањата кои треба да ги реализирате. Каде ја гледате вашата компанија во иднина? Што сакате да постигнете во иднина? Решавање на проблеми само заради превенција на последиците од проблемот не е доволно без да се вклучи еден поширок аспект кој доаѓа од целите со кои се соочува вашата компанија.
  3. Не користите системско размислување во откривање, решавање и превенција истите проблеми да се појават повторно. Не е едноставно да се откријат проблемите. Исто така тие треба да не се појават повторно во иднина. Што доколку откриете специфичен проблем? Решението ќе ги спречи лошите последици од тој проблем. Но, што доколку истиот проблем се појави повторно? Повторно ќе треба да го трошите вашето време за решавање на истиот проблем. Mora да запомните дека вашата работа не е да бидете „пожарникар” кој ќе гаси огин постојано, наместо тоа вашата задача е да обезбедите превенција на можен пожар во вашиот бизнис.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*