post

НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАЛИХИ – ПАТ КОН ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ

За залихите повеќе пати досега пишувавме. Но, со овој натпис би сакал да извршам надополнување на менаџмент филозофиите за организациски промени кои недолно ги објавуваме. Во сите 3 досегашни филозофии KAIZEN, Business Process Reingeneering и Lean менаџментот како една цел се воспоставува намалување на залихи. Па така се спомнува KANBAN како алатка која може да се користи, но во тие елементи не ја спомнавме ABC анализата која може да доведе до информации каде треба да се кратат залихите.

Едно е јасно, залихите претставуваат:

  • Трошок
  • Врзани пари
  • Неискористена бизнис потенцијална енергија
  • Сокривач на проблеми

Трошок бидејќи се плаќа за магацинот за ускладиштување, врзани пари бидејќи не можеме да продаваме она што ни се бара во моментов затоа што имаме врзано пари во залихи, неискористена бизнис потенцијална енергија бидејќи голем финансиски потенцијал се наоѓа во нешто што стои во магацин, а не се продава. Но, зошто сокривач на проблеми. Голем број на проблеми претприемачите се обидуваат да ги покријат со залихите. Така:

  • Проблеми во маркетингот со недоволна анализа на пазарот и незнаење однапред што побргу и подобро ќе се продава се покрива со поголема количина од секој вид на производ и тоа за секој случај!
  • Проблеми во продажба преку неефективен и неефикасен продажен тим и продажен процес се покрива со сигурна количина на залихи.
  • Проблеми во системот за набавки преку задоцнети нарачки, и прием на набавките се покрива за секој случај со зголемено ниво на залихи.
  • Доцнење во производство кое може да биде заради неефикасен и неефективен производствен систем, или пак проблеми во монтажата или пак високо ниво на шкарт при производство се покриваат со поголемо ниво на производство од потребното и создавање на залихи.

Ова се само неколку крупни проблеми кои се покриваат со залихите. Но, трагично е што овие проблеми од срана на претприемачите не се гледаат затоа што со залихи се си функционира како што реба и се е под конец. Па, во ваков случај може да се појави ефект на варена жаба за која веќе пишувавме (жабата ќе се свари и ќе умре доколку олека ја загреваме водата и стигнеме до температура на вриење, додека ако ја ставиме во зовриена вода таа ќе се изгори и ќе скокне, но сепак ќе преживее). Тоа е затоа што малте ситни проблеми често ги занемаруваме и подоцна не чинат многу и во краен случај клуч на бизнисот.

Сево ова е забележително сега во услови на рецесија кога клуч на врата најавуваат многу бизниси. Затоа е потребна постојана анализа и намалување на залихите, а со тоа и навремено откривање на проблемите и нивно решавање. На ваков начин со еден удар убивате две муви:

  • Финансиски заштеди преку трошоци
  • Континуирано подобрување на бизнсиот преку постојано решвање на проблемите.

За спроведување на ABC анализата постојат различни сфтверски пакети. Но, и не мора да вложувате голе пари во тоа. Пред некое време изработивме два видео материјали за изработка на ABC анализа со помош на Microsoft Excel кој го има на секој компјутер. Можете да ги погледнете и да започнете со анализа веднаш па потоа ќе видите каде треба да ги кратите залихите.

КАКО СО MS EXCEL ДО ABC АНАЛИЗА

ИЗРАБОТКА НА ГРАФИК ЗА ABC АНАЛИЗА СО MS EXCEL (ПРОДОЛЖЕНИЕ)

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. e4ozKP Very true! Makes a chgane to see someone spell it out like that. 🙂

Trackbacks

  1. […] Дали се потребни залихите? Дали залихите обезбедуваат поефикасно и поефективно работење на бизнисот? Дали залихите претставуваат […]

Speak Your Mind

*