post

Не игнорирајте ги проблемите, решавајте ги

Јас сеуште не сум видел мал бизнис, или пак сопственик на мал бизнис кој е без проблеми. Иако проблемите со кои секој мал бизнис се соочува се навистина проблематични од гледна точка на еден претприемач, во повеќето случаи тие се единстевниот сигнал кој ќе ви каже дека вашата компанија е жива и во добра кондиција.

проблемите на еден бизнис

Компании кои велат дека немаат проблеми веројатно имаат многу повеќе проблеми отколку компании кои велат дека имаат и работат на решение на нивните проблеми. Единствената причина да немате проблеми во вашиот бизнис ќе биде фактот дека вие како еден претприемач не ги препознавате или пак уште полошо, ги игнорирате.

Се е супер, не може да биде одговор од страна на еден успешен претприемач, бидејќи тие (успешни претприемачи) знаат дека секогаш постои нешто што треба или може да биде поправено, нешто што може да биде подобрено во нивниот бизнис.

Да разгледаме некои корисни совети кои можете да ги користите кога станува збор за откривање и решавање на проблеми во вашата компанија.

  1. Бидете свесни дека вие како еден претприемач секогаш ќе имате проблеми. Тоа е факт, и не можете да избегате од него. Да се има проблеми, значи дека вие константно работите на решенија кои драстично ќе го подобрат вашиот бизнис гледано долгорочно. Навистина треба да бидете свесни дека доколку навистина сакате да најдете проблеми секогаш ќе најдете нешто што можете да решите, поправите или подобрите.
  2. Мора да бидете навистина одговорен претприемач кога станува збор за процесот на решавање на проблеми во вашиот бизнис. Да, вие сте претприемач и поради тој факт вие сте и најодговорното лице кој ќе треба да иницира работни активности во однос на решенија за секој проблем во вашата компанија. Не можете да очекувате дека некој друг ќе биде поодговорен од вас во однос на овие прашања. Бегање од одговорност значи дека вие бегате од вашата успешна претприемачка кариера.
  3. Третирајте го секој проблем како нешто што ќе бара решение. Понекогаш навистина ќе се појавуваат мали проблеми за кои нормално ќе мислите дека не се важни и кои едноставно ќе ги игнорирате. Но, бидете внимателни бидејќи и најситните, најневажните и најмалите проблеми гледани долгорочно доколку продолжите со вашиот игнорантски однос кон нив може да доведат до големи штети за вас и вашиот мал бизнис. Дури и во некои случаи може да бидат и полоши отколку големите проблеми кои не ги игнорирате и на кои веќе работите на решенија.
  4. Вашето решение мора да содржи чекори со кои освен самото решавање на проблемот ќе се елиминираат и причините за појавување на проблемот. Доколку сакате никогаш повторно да имате ист проблем, ќе треба да работите на вистинските причини за секој проблем за да ги елиминирате, нормално. Само на таков начин ќе обезбедите дека тие нема повторно да се појават во иднина. Едноставно, кога ги решавате тековните проблеми, во исто време размислувајте и за можните решнија кои ќе обезбедат истите проблеми да се појават како проблеми повторно.
  5. Бидете систематичен кога работите на решавање на проблеми во вашиот бизнис. Мора да имплементирате систематски пристап кога станува збор за решавање на проблеми, бидејќи само на таков начин вашиот мал бизнис ќе имплементира процес на континуирано подобрување и тоа на редовна основа.

Прашање: Дали вие сте претприемач кој ги игнорира некои од проблемите со кои се соочува вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*