post

Не само колкав е пазарот, туку и каков е

Кога постои нов производ или услуга за сосема нов пазар без разлика дали се креира или едноставно компанијата се шири на него секогаш се започнува со големината без притоа да се води сметка за тоа каков е или ќе биде тој пазар.

колкав е пазарот

Да, големината на пазарот е важен индикатор за секоја компанија без разлика дали станува збор за веќе постоечка или стартап. Од таа големина зависат многу идни акции но и успеси на бизнисот.

Сепак, прашањето кое се поставува е дали е доволна таа една мерка, односно тој еден индикатор кој ќе ни покаже дали во иднина компанијата, производот или услугата ќе успее на тој пазар.

Постојат многу примери каде преку оваа мерка се донеле одлуки кои подоцна се покажало дека се неисправни, па веднаш доаѓа до промени на стратегијата, промени на самиот производ или услугата или едноставно да се работи на спасување на се што може да се спаси. Сега, за големите тоа претставува трошок кој може да си го дозволат, но за стартапи и компании со ограничени финансиски ресурси ваквите грешки може да бидат кобни.

Зошто се случуваат ваквите грешки во практиката иако од книгите се знае дека главниот фокус треба да се стави на големината на пазарот?

  1. Прво, да постојат потенцијални купувачи не значи и дека ќе бидат купувачи. Големината на пазарот не значи дека сте ги погодиле тие потенцијални купувачи точно во нивните вистински потреби и желби.
  2. Второ, различни земји (што подразбира и различни пазари) се под влијание на различни култури, па така пресликување на успехот од една земја во друга не е толку едноставно колку што на прва се чини.
  3. Трето, големината изразена во квантитативна мерка не ја покажува и квалитативната страна на тој пазар. Затоа е потребно да се знаат и други индикатори кои би го отсликале и однесувањето, финансиската моќ, вистинските желби и потреби…

Затоа кога работите на прилагодување на вашата иновација за сосема нов пазар за вас или пак на креирање на сосема нов пазар, не смеете да се потпрете само на бројките на големината што значи прашањето колкав е пазарот треба да го проширите и со каков е тој пазар. Потоа, донесете правилна одлука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*