post

Не започнувај со маркетинг пред да ги кажеш следниве искази

Листа на маркетинг активности Маркетинг е зборот кој скоро во сите формални процеси на претприемништво претставува составен дел.

Кога сме кај процес на претприемништво, вчера завршив со една сосема нова скица на тој процес во која се вклучени сите модерни (и секако потребни) подпроцеси на тој процес (тука е и маркетингот), но и одредени сегменти од теорија на бизнис идеи која ја развиваме тука. Дури и го именував, се вика претприемнички часовник. Го оставам малку да одлежи, и по одредени дополнителни проверки и тестирања може да го презентирам. Процесот ги содржи идеите на lean стартап, развој на купувачи и моделирање на бизнисот како најголеми измени од традиционалниот процес кој најверојатно сте го сретнале. И да, не е посебно издвоен бизнис планот, одлучив дека процесот на бизнис планирање е подобро да биде во процесот на менаџментот (нели и една од функциите на менаџментот е планирање) бидејќи дури тогаш ќе се користи.

Ние тука зборуваме за мали бизниси. Зборуваме за тоа да се постигне повеќе со оптимално ниво на вложување во маркетинг. Вложување не значат само пари, туку и труд, енергија, време…

Во изминатите неколку години имам видено многу мали бизниси, па може да се каже и стартапи кои започнуваат со вложување на голем износ на финансиски средства токму во маркетингот. Оваа моја реченица не значи дека не треба да се вложуваат, но значи да се постави прашањето колкав е повраток на таа инвестиција. Не значи дека не треба да се инвестира, туку значи знаење за тоа како и каде да се инвестира. Не значи дека не треба да се започнува со големи вложувања, туку значи да се провери дали тие вложувања се “паметни” вложувања.

И добро, да не должам премногу да преминам на најважните искази кои треба да си ги кажеш како еден претприемач пред да започнеш со имплементација на било која маркетинг тактика:

  • Јас знам кои се точно моите идеални купувачи.
  • Јас знам точно што сакам да постигнам.
  • Јас знам точно што сакаат моите купувачи.
  • Јас знам точно како да допрам до моите купувачи.
  • Јас знам точно каде се моите купувачи.
  • Јас знам точно кое маркетинг средство за кој сегмент одговара.
  • Јас знам точно што треба да правам за да го постигнам она што сакам да го постигнам.
  • Јас имам маркетинг план чија реализација ќе помогне во постигнување на она што сакам да го постигнам.
  • Јас знам кои се клучните индикатори кои треба да ги мерам за да постојано го подобрувам процесот.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*