post

Неделен преглед на вашата да направам листа

Една од најзначајните алатки за зголемена лична продуктивност на секој претприемач претставува “да направам” листа. Досега повеќе пати пишував за составување на една таква листа, оптимално користење, подобрување…

Сега би сакал да презентирам дел од системот кој го користам, а кој навистина ми овозможува барем да се чувствувам полесно затоа што сметам дека се држам под контрола.

Неделни прегледи правам на мојот Inbox нотес во Evernote каде секојдневно нафрлувам се и сешто, што од глава, што најдам на интернет, што скенирам… Но, неделен преглед правам и на “да направам” листата која стана доста покомплексна одкако го користам OmniFocus како алатка за менаџирање на моите активности, имплементација на идеи и проекти.

Следниве прегледи се минимални прегледи кои би требало да ги правите барем еднаш неделно.

1. Прегледајте ја листата со акции

Вашата “да направам” листа е многу покомплексна отколку што мислите. Пред да започнам да го користам  ГТД  системот ми изгледаше едноставна, но тоа беше време кога и да не успеев да завршам се што сум планирал листата завршуваше во канта за ѓубре.

Сигурно имате акциона листа каде што се наведени следните акции кои треба да ги преземете за соодветен ден, недела или пак месец во годината. еднаш неделно е добро да ја прегледате листата, да ги означете завршените активности и избришете или пак да ги избришете сите оние кои веќе не се релевантни за во иднина.

Додадете се што сметате дека треба да преземете следната недела.

Важно е да имате чиста листа за онаа што реба да го правите следната недела.

2. Прегледајте ја листата со акции кои чекаат

Освен акции кои се спремни за преземање има и акции кои чекаат заради нешто. Тоа се акции кои зависат од некој настан кој треба да се случи претходно за да може да се преземе соодветната акција.

На пример, делегирани акции чекаат одговор од лицето на кое му се делегирани. Една акција ов проект кој бара логичен редослед на имплементација ќе чека се додека не се заврши рпетходната акција.

Еднаш неделно добро е да ја поминете и оваа листа на акции кои чекаат со цел да не заборавите нешто, да избришете нешто што е завршено и да внесете нови акции.

На пример, ако рокот на делегирана задача истекол, ќе бидете сигурни дека еднаш неделно ќе го потсетите лицето на кое му е делегирана задачата дека треба да ги засука ракавите и да ја комплетира.

3. Прегледајте ја листата со акции кои се во Некогаш/Можеби

Освен оние акции кои треба и може да се спроведат сега, и оние кои се на листа на чекање заради нешто сигурно имате голем број на потенцијални акции кои ви дошле на умот но не биле нешто што морате веднаш да го спроведете. Сите тие се во листата насловена како Некогаш/Можеби.

Тука се голем број на идеи кои за да не ги заборавите ги сместувате и голем број на можни идни проекти. Добро е еднаш неделно да ја прегледате оваа листа и доколку сметате дека е вистинскиот момент за некоја од акциите да ја распоредите за следната недела.

4. Прегледајте ја листата со проекти

Освен акции и идеи, листата содржи и проекти кои претставуваат збир на повеќе акции во еден логичен редослед.

Еднаш неделно прегледајте ја листата со проектите, проверете до каде сте и што треба да направите во иднина за нивна имплементација.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*