post

Нови вештини – како да додавате

Стекнување на нови вештини не е едноставен процес, туку бара макотрпно ангажирање во откривање и стекнување на истите до ниво во кое ќе се каже дека навистина станувате вешт со тие нови вештини.

Кога станува збор за претприемачите, стекнување на нови вештини треба да претставува еден континуиран процес. Но, лесно би било доколку тоа е единствената потреба.

Да видиме некои можности кои како еден претприемач ви стојат на располагање за оваа намена.

1. Пробувајте нови работи

Доколку не пробувате нови работи тешко дека ќе научите нешто и стекнете нови вештини.

Најдобрите вештини за претприемачот се вештини стекнати преку обиди и тестови, што пак се преточува во едно искуство.

Пробувајте нови работи и така постојано ќе ги зајакнувате вашите постоечки и ќе додавате нови вештини.

2. Вежбајте

Знаеме дека најдобро совладување на математиката е вежбање. Слично е и кога станува збор за претприемништвото и нови вештини за водење на бизнис.

Вежбање значи постојано повторување на одредени чекори и доколку има потреба нивно корегирање во самиот процес на повторување.

Вежбањето помага во зајакнување на вашите вештини.

3. Секогаш обидувајте се да учите од другите

Сите ние сме различни и секој има изградено сопствени вештини за нешто. Доколку сакате и вие да стекнете нови вештини, мора да бидете отворени за учење од други луѓе кои поседуваат вештини кои вие ги немате.

При секој контакт или разговор со некој друг обидете се да зивлечете нешто од што ќе го зголемите сопственото знаење.

4. Секојдневно одвојувајте време за работа на вашите вештини

Иако вашата агенда е преполна со секојдневни активности на управување (што во многу случаи значи одржување) на вашиот бизнис, сепак доколку сакате да продолжите на патот на успехот ќе мора да се надоградувате преку стекнување на нови вештини.

Одвојте барем еден час дневно за зголемување на вашите претприемачки вештини.

5. Најмете експерти

И секако, можете да најмите експерти за да на најбрз можен начин стекнете некоја конкретна вештина која ќе ви биде потребна за водење на вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*