post

Обезбедете исклучително доживување за вашите купувачи

Што претставува исклучително доживување за вашите купувачи?

Како можете да знаете дека сте им обезбедиле исклучително доживување на вашите купувачи?

Ако вашите купувачи се задоволни со вашата компанија, тие повторно ќе се вратат, ќе се чувствуваат добро кога купуваат или кога го препорачуваат вашиот бизнис на нивните семејства, пријатели или колеги, тогаш најверојатно сте им обезбедиле исклучително доживување.

Дали постои претприемач, на кој не му се допаѓа таковото чувство кај нивните купувачи? Постои ли претприемач кој не сака купувачите да се вратат и да го препорачаат неговиот бизнис на нивните семејства, пријатели или колеги? Одговорот на овие прашања е не.

Но, како ќе можете да ги фокусирате вашите напори и да обезбедите такво чувство кај вашите купувачи?

Еве шест важни активности со кои можете да почнете.

1. Развијте исклучителни производи и услуги

Се друго што ќе направите нема да ви даде резултати за исклучително доживување без одлични производи и услуги. Вашите производи и услуги првенствено треба да ги задоволат нивните потреби и да ги решат нивните проблеми.

Треба да се фокусирате и да се осигурате дека со вашите производи и услуги обезбедувате задоволување на нивните основни потреби, а потоа и споредни потреби и секогаш ги вклучувате и нивните возбудливи потреби. Возбудливите потреби ќе бидат нешто со што ќе обезбедите исклучително искуство за нив.

2. Вашиот бизнис нека биде пријателски расположен

Не можете да очекувате традиционалното однесување како купувач и продавач да биде функционално денес. Вие треба да бидете повеќе од продавач за вашите купувачи. Вие треба да бидете нивен пријател.

Доколку успеете да се обезбедите поволна клима, пријателски зборови, пријателски изглед и пријателско однесување, тие ќе бидат повеќе од задоволни со вашиот бизнис.

3. Понудете персонализирани услуги

Дали постои човек кој не сака да се чувствуваат важно? Персонализираните услуги можат да го предизвикаат тоа важно чувство за вашите купувачи. Тие ќе добијат нешто, поради самите нив, поради нивните потреби, бидејќи се важни за вас.

Таквото чувство ќе ви обезбеди да се вратат во вашиот бизнис.

4. Бидете тука за нив, секогаш кога сте им потребни

Имате одлични производи и услуги. Вашиот бизнис има пријателско однесување со вашите купувачи, и тие добиваат персонализирани услуги, но тоа не е доволно денес. Вие треба да бидете достапни за нив. Тие ќе имаат потреба од вашата помош. Тие ќе треба да ти се јават, да поставуваат прашања, да разговораат … Ти си пријател со нив, нели?

Морате да бидата достапни на сите популарни социјалните медиуми, на телефон, лично на состаноци, на е-пошта …

5. Учете ги

Тие сакаат да научат нови работи, а вие можете да бидете најдобар едукатор за нив во вашата индустрија.

6. Секогаш испорачајте го ветеното

Нивното исклучително доживување може да се заснова исто така на вашата способност да испорачате сè што сте ветиле. Ако не можете да испорачате нешто, не ветувајте го тоа.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*