post

Обликување на бизнис идеја со MindMap

Мапирање на бизнис идеја

Мапирање на бизнис идеја

Како еден претприемач сигурни сме дека постојано доаѓате до нови бизнис идеи. Најверојатно секојдневно фаќате белешки за нови концепти, нови начини на управување на бизнисот, можности за зголемување на продуктивност, нови активности кои сакате да ги спроведете… И сето тоа забележано или во книга со бизнис идеи или било која книга или алатка која ја користите за таа цел – на едно место сите идеи.

Но често пати, сите тие идеи како што додавате нови следуваат за по едно место надолу на листата. На еден таков начин се влегува во опасност да тие останат нереализирани и заборавени. Од друга страна секојдневните активности во денешно динамично време доведуваат до појава на тренд да се гледа да се заврши сето она што е предвидено за денес, а ќе се обидеме утре за нови идеи. И така, утре, пак може утре, па немора денес…

MindMap претставува алатка за внесување на забелешки при што истите се поставуваат на еден организиран начин при што овозможуваат подобрување на иницијалната идеја и на еден стратешки начин го поврзуваат коцките со што веројатноста тие идеи да постанат реалност е многу поголема.

Што претставува обликување на бизнис идеја?

Вообичаено бизнис идеите доаѓаат во еден неорганизиран облик во нашиот мозок. Да, ние треба нешто да превземеме но што? Како таа бизнис идеја е поврзана со тековниот бизнис модел? Што претставува таа бизнис идеја?

Мора да напоменам дека кога тука зборувам за бизнис идеја не мислам само на бизнис идеја за започнување на бизнис, туку бизнис идеја и за подобрување на бизнисот, бизнис идеја за промени, идеја за вработување…

Обликување на бизнис идеја едноставно претставува поврзување на сите елементи во и околу таа бизнис идеја за истата да стане реалност. Минималните дополнителни елементи кои ќе треба да се опфатат во тоа обликување претставуваат:

  • дефинирање на бизнис идејата
  • проблемите кои ги решава како внатрешните во бизнисот така и надворешните на потрошувачите
  • пазарот на кој се насочува таа идеја
  • што треба да се превземе
  • како таа идеја е поврзана со останатите бизнис елементи на бизнисот.

Ќе се обидеме преку еден едноставен пример за еден реален бизнис – ресторан да направиме едно обликување на бизнис идеја преку MindMap.

Зошто MindMap-ите може да ви помогнат во процесот

Ќе се обидеме преку еден едноставен пример за еден замислен бизнис – ресторан да направиме едно обликување на бизнис идеја преку MindMap.

1. Нашиот мозок е нелинеарен

Мозокот на еден човек вообичаено е поделен на две хемисфери: лева и десна. Левата хемисфера вообичаено се нарекува линеарно размислување. Оваа половина се карактеризира со слаба аналитичност и визуелизација на мозокот. Спротивно на левата страна е десната која не функционира на линеарен начин туку овозможува солидна аналитичност и визуелизација на мозокот.

MindMap-ите успеваат да ги користат и двете страни на мозокот. Тие започнуваат со централна идеја околу која се креираат гранки се додека не се креира визуелен дијаграм кој ја сумаризира комплетната идеја која што се наоѓа во вашиот мозок.

Ќе се обидеме да креираме една мапа околу централна идеја: подобрување на потрошувачко искуство.

Подобрување на потрошувачко искуство во ресторан

Подобрување на потрошувачко искуство во ресторан

2. Продолжувате со проширување на гранките се додека нашата идеја не излезе целосно од мозокот

Сето она што го имате во мозокот околу централната идеја поставете го во соодветните гранки. Ова е еден вид на расчленување на идеите кои на соодветен начин може да ги претставуваат и активностите што ќе треба да ги превземете. Се додека не излезе се онаа што се наоѓа во вашата глава како идеја не запирајте со процесот.

Проширување на основнта идеја

Проширување на основнта идеја

3. Како што ги додавате гранките вашиот мозок функционира нелинеарно и добива дополнителни идеи околу централната

Кога нешто се наоѓа во една скица (нелинеарно) вашата аналитичност и можност за визуелизација се наоѓа на високо ниво, со што од првичните идеи кои ви се вртеле во мозокот генерирате дополнителни идеи. Оваа е и поради фактот што еден ваков приказ допринесува да се видат и меѓусебните врски на секоја гранка и подгранка на мапата.

Генерирање на дополнителни идеи
Генерирање на дополнителни идеи

Како ова би изгледале без една ваква мапа?

Одговор: Линеарно. Уверете се и сами од подолу:

Подобрување на искуство на потрошувачи во ресторан

Мени

  • Оптимизирање на менито во однос на онаа што останало откако гостите си заминуваат
  • Отфрлање на елементи од менито кои се помалку од 2% продажба на месечна основа
  • Вклучување на елементи кои се побарани од страна на гости а сме ги немале
  • Спроведување на анкета
  • Поставување на прашање од страна на персоналот

Квалитет

Комуникација

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*