post

Одговорете ги следниве прашања за подобро да се организирате

Мозокот на еден претприемач е преполн со многу работи. Тука се идеите, идните проекти, сегашни и идни активности, работи кои бараат уште денес да бидат фокусирани и работи кои не бараат фокус уште денес…

Сите тие “работи” едноставно црпат од капацитетот на психичкото складиште во мозокот на еден претприемач. Тие замараат, дефокусираат, дезорганизираат и доведуваат до чувство на напнатост и стрес.

Се она што не е распределено за денес мора да биде надвор од вашиот мозок. Мозокот треба да биде насочен за она што треба да го правите денес, не утре или задутре… Ова не значи дека едноставно ги игнорирате утрешните идеи, проекти или активности. Ова значи дека едноставно го ослободувате мозокот од нив, обезбедувајќи сигурност дека утре ќе бидат започнати и завршени.

Следниве две прашања се клучни за обезбедување на подобра самоорганизација, но и обезбедување на чувство на сигурност дека нешто нема да биде отфрлено или заборавено за во иднина, а потекнува од вашиот мозок.

1. Што е она што треба да го има мојот фокус од денес до некој период во иднината?

Работата на менаџерите и претприемачите има слична цел: одржување, односно менаџирање на тековните процеси и подготовка на идните процеси. Сепак, фокусот треба да биде насочен на вистинските работи.

Лесно се наоѓаме во ситуација кога се станува важно (приоритетно) и се обидуваме да постигнеме да завршиме се. Но, лесно и се наоѓаме во ситуација кога започнуваме се и нормално не постигнуваме.

Затоа е потребно да бидете фокусирани на оние вистинските работи, оние во кои што сте најдобар, кои што се најважни за вашиот бизнис и во кои уживате.

2. Што треба да направам за да го ослободам мојот мозок од она што нема потреба од мојот фокус сега?

Кога веќе имате еден куп на идеи, планови, активности, проекти или било што друго што се наоѓа во вашиот мозок и ви создава притисок, подобро е да го исфрлите на некое безбедно место иако не е во вашиот главен фокус.

Велам иако не е во вашиот главен фокус затоа што тоа се активности предвидени за “некогаш”, а не за денес или утре. На ваков начин се обидуваме да ја задржиме вредноста (да не дозволиме да се заборават идеите кои сме ги имале, а не се за денес.)

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*