post

Одговорност на еден претприемач

Одговорност на претприемачот

Одговорност на претприемачот

Одговорност! Збор кој се одбегнува од многу луѓе. Многу значаен и тежок збор кој сепак се избегнува.

Што се случува со претприемачот?

Од лично искуство сметам дека 80% и повеќе од претприемачите сакаат да избегнат директна одговорност за сопствениот бизнис. Нели, полесно е друг да биде виновен за нашите сопствени неуспеси. Како и да таквите претприемачи имаат и водат само еден просечен бизнис.

Остатокот, помеѓу 10% и 20% од претприемачите кои се навистина одговорни, во исто време имаат и менаџираат многу успешни бизниси.

Нешто што ја прави разликата помеѓу просечен и успешен бизнис е одговорноста на еден претприемач.

Што мислите за следниве изјави:

  • Потрошувачите не сакаат да ги купуваат моите производи и/или услуги.
  • Моите вработени не се толку добри за мојата компанија.
  • Конкуренцијата на пазарот е многу моќна.
  • Моите партнери не се толку добри за мојата компанија.

Дали некогаш сте кажале нешто вакво?

Доколку одговорот е да, тогаш вие сте еден од претприемачите кој сака да ја избегне личната одговорност бидејќи сакате да ја трансферирате истата на останатите стејкхолдери во твојата компанија.

Доколку вашиот одговор е не, тогаш веројатно вие сте одговорен претприемач кој има доста успешен бизнис.

Доколку сакате да изградите успешен бизнис, ќе мора да бидете целосно одговорни за тоа. Секој бизнис проблем е ваша одговорност.

Не можете да кажете дека потрошувачите не сакаат да го купат вашиот производ и/или услуга бидејќи тие се „лоши“ момци. Што е со истражувањето на пазаро кое го направивте? Како тоа истражување ви кажа дека потрошувачите ќе ги купуваат вашите производи и/или услуги? Кој е виновен сега? Вие или вашите потрошувачи кои не сакаат да го купат вашиот производ и/или услуга?

Не можете да кажете дека вработените не се добри и затоа страда и вашиот бизнис. Кој ги најмил тие вработени или кој одлучил за нивно вработување? Па бизнисот не е јавна институција па политичките партии да си ја префрлаат одговорноста заради сопствената неспособност. Вие како претприемач сте одговорен за наоѓање на најдобрите вработени за вашиот бизнис. Вие како претприемач сте одговорен за градење на вашиот бизнис тим.

Не можете да кажете дека конкуренцијата е виновна за вашите неуспеси. Конкуренцијата едноставно го сака истото што и вие. Тоа е поголемо учество на пазарот и поголема продажба и профитабилност. Зошто тие успеваат а вие не? Вашиот бизнис успех не е нивна одговорност. Вашиот бизнис успех е само ваша одговорност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Одговорност на еден претприемач | Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Mite Kuzevski and YES Incubator, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Одговорност на еден претприемач – Одговорност! Збор кој се одбегнува од многу луѓе. Многу http://ow.ly/1b8K9k […]

  2. […] го користам како продолжување на постот насловен како одговорност на еден претприемач. Таму можевте да прочитате дека причините за неуспех […]

Speak Your Mind

*