post

Однесување на менаџерите кон вработените

Преговарање во бизнис

Преговарање во бизнис

Начинот на однесување на менаџерите кон вработените има големо влијание во севкупното работење на организацискиот систем. Некои градат поблизок однос со цел да поттикнат поголема доверба еден кон друг, другите таа доверба се обидуваат да ја постигнат преку власта и моќта која ја имаат на позицијата на која се наоѓаат.

Во пракса се воочени неколку типови на однесување на менаџерите кон вработенитe.

1. Братски однос

Со овој термин се опишува ситуацијата при која менаџерот е многу зависен од вештината на вработените. Вработените се релативно независни, бидејќи нивната стручност е барана и од страна на други компании. Менаџерите и вработените работат заедно, а одлуките се донесуваат од позиција на взаемен респект.

2. Татковски однос

Овој однос се јавува кога можностите за вработување се ограничени. Постои јасна разграниченост помеѓу менаџерите и вработените, менаџерот е доволно свесен за значењето на работна сила, па затоа развива заеднички врски и лични односи.

3. Добротворна автократност

Тоа е најчест случај во малите компании. Менаџерот е помалку зависен од вработените и може да управува со нив од позиција на моќ. Вработените не се премногу економски зависни од компанијата, за тие да бидат целосно подредени. Меѓу нив постојат блиски врски и пријателски односи, но истите многу ретко се одржуваат надвор од работното место. Иако менаџерот може да вработува и отпушта кога сака, тој сепак настојува да ги задржи постојните луѓе, бидејќи селекцијата и тренингот на нови луѓе чини многу пари и време.

4. Експлоатација

Постојат одредени услови кои му даваат на менаџерот целосна моќ, а на вработените речиси никаква. Тоа се лошите економски прилики. Типичен пример е текстилната индустрија, во која поради притисок на големата конкуренција и на моќни купувачи, компанијата ја експлоатира својата работна сила, со цел да обезбеди флексибилна и евтина услуга и производ.

Некои работници се особено ранливи, со оглед на фактот дека им недостига вештина и знаење. Тие немаат алтернативи, па прифаќаат ниска плата и лоши работни услови. Нивните компании работат во висококонкурентни услови, а опстануваат користејќи слабо опремени објекти, слабо платени работници, при што вработуваат и отпуштат работници при првиот показател на раст или пад на бизнис активностите.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*