post

Претприемач визионер наспроти опортунист

Постојат претприемачи кои се визионери, но постојат и претприемачи кои се опортунисти. Кои би биле поуспешни?

Многу различни мислења постојат за тоа дали еден претприемач треба да биде опортунист или не. Секако како една од особините му е и барае на различни можности, но не заборавајте дека тие можности треба да се искористат. Зошто ќе бараме можност ако не ја искористиме.

Затоа во овој напис би сакал накратко да направам една разлика помеѓу претприемач кој е опортунист и визионер.

Претприемач визионер или опортунист

Биди претприемач визионер со што ќе ја избереш и искористш вистинската можност!

Претприемач опортунист

Што претставува да еден претприемач опортунист? Би сакал на почетокот од овој напис да започнам со дефинирање или профилирање на еден претприемач кој е опортунист.

Да видиме првин што претставува опортунизам. Во Wikipedia за опортунизам пишува:

Опортунизам е свесна политика и практика на добивање на себична предност во одредени околности без никаква почит за приниципи.

Уште подобра дефиниција е дадена во Oxford Dictionary каде е наведено дека:

Опортунизам претставува практика на барање и користење на можности за постигнување на предност само за себеси, без да се размислува дали тоа е фер или пак исправно.

Согласно овие две дефиниции можеме да заклучиме дека:

Претприемач опортунист е човек кој бара можности и ги искористува себично без фер или пак исправно однесување.

На прв поглед и се чини дека за еден претприемач ова е добро бидејќи тој е човек кој има бизнис, кој пак егзистира на пазар на кој пак постои борба каде многу етика и морал во таа борба не се користи.

Претприемач опортунист бара можности каде никој не се наоѓа и воопшто не размислуваат дали тоа што ќе го прават е правилно или пак исправно. Воопшто не размислуваат дали ќе биде навистина успешно.

Единствена причина зошто претприемачите опортунисти ја бараат таа можност претставува подобрување само на нивните сопствени животи.

Претприемач визионер

Да видиме што претставува визионер? Како прво визионер е лице кое има визија, односно моќ за поглед во нешто што ќе се случува во иднината. Како второ визионер ги гледа можностите, но не со правење на нешто поразлично од сите останати туку правејќи го баш тоа истото. Но, разликата е што тоа го прават на различен начин од сите останати.

Претприемачи визионери се луѓе кои следат се што се случува околу нив и едноставно ги забележуваат жешките можности и влетуваат во тие можности во кои сите влетуваат само се што прават го прават на подобар начин од останатите.

Визионерите не започнуваат бизнис во можноста што ја препознаваат само за да го направат сопствениот живот подобар, иако сигурно е дека ќе го направат бидејќи ќе го подобрат и олеснат животот на нивните потенцијални потрошувачи.

Разлика помеѓу претприемач опортунист и визионер

  • Опортунист е гол барач на можности, визионер е вистински препознавач на можноста. Затоа и опортунистот често завршува со вечно барање на можноста која никогаш нема да ја најде, додека претприемачот визионер многу бргу ја наоѓа и искористува таа можност.
  • Опортунист претприемач е себичен и во таа можност бара само сопствен успех, додека претприемачот визионер можноста ја разгледува низ призмата на потенцијалниот потрошувач, односно како подобрување на животот на тој потенцијален потрошувач. И секако, со подобрување на животот на тој потенцијален потрошувач ќе го подобри и сопствениот живот.

Затоа едноставно следете што се случва во Вашата околина. Најдете можност во која сите се вклучуваат, но погледнете низ призмата на потенцијалниот потрошувач и неговиот проблем. Решете го тој проблем, поквалитетно, побрзо и подобро од останатите. И успехот ќе биде загарантиран.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] напис навлегов во еден различен пристап на претприемач визнионер и претприемач опортунист (кој постојано бара можности, но никогаш не ги […]

  2. […] таа наша цел. Повеќе за визија и визионери пишував во Претприемач визионер наспроти опортунист. Одговорете на следниве прашања за да ја дефинирате […]

  3. […] еден елемент на секојдневна работа на секој претприемач. Таа продуктивност доаѓа директно од членовите на […]

  4. […] Претприемач визионер наспроти опортунист. Постојат претприемачи кои се визионери, но постојат и претприемачи кои се опортунисти. Кои би биле поуспешни би можеле да откриете со овој пост. […]

Speak Your Mind

*