post

Определување на цена

Определување на цени

Определување на цени

Цената на производот и услугата е основа на секој бизнис. Секој бизнис нуди некој производ или услуга. Целта е тој производ или услуга да се продаде. Тој производ или услуга се продава за некоја цена. Од цената директно зависи приходот, а од приходот и профитаблиноста. Секој бизнис е основан од претприемач со цел да биде профитабилен. Така да, цената може да обезбеди соодветен профит и равој на бизнисот, но со погрешна цена може да дојде  до работење со загуба. А, загубата претприемачот не ја сака и не е пожелна за успешните претприемачи.

Што претставува определување на цени?

Наједноставно кажано, определување на цени претставува определување на продажна цена за производот и/или услугата. Со процес на определување на цени Вие како претприемач ги опредеувате малопродажните цени кои ќе ги понудите на пазарот, односно на Вашите потрошувачи. Тоа се цени кои Вашите потрошувачи ќе платат за производите и/или услугите што ќе ги земат од Вас. Тоа е монетарниот износ што некој треба да го даде за вашиот бизнис за да ја користи поволноста од вредноста која вие ја испорачувате.

Основни правила при определување на цените

Без разлика дали продавате производи или пак услуги, или пак некој тип на комбинација на производи и/или услуги, тие ќе влијаат на успешноста на Вашиот бизнис. Основни правила кои треба да ги спроведувате при определување на цените на производите или услугите се следниве:

  • Сите цени мора да ги опфатат сите трошоци и профитот кој го сакате.
  • Цените мора да бидат такви за да обезбедат сигурна продажба.
  • При намалување на цените мора да ги намалите и трошоците.
  • Постојано разгледувајте ги цените во поглед на трошоците, побарувачката на пазарот, конкуренцијата и профитот.

Што е она што влијае на цената?

Она што има влијание на цената и што најмалку треба да се земе во предвид при формирање на истата е следново:

  • Чинење на производот. Ова е колку чини производот кој сте го набавиле или набавна цена на производот. Или пак колку чини тој производ за да се произведе доколку се работи за производствен бизнис.
  • Трошоци на бизнисот. Доколку цената на Вашиот производ и/или услуга не ги опфаќаат трошоците, Вашиот готовински тек ќе биде негативен, ќе работите со загуба, нема да имате финансии за финансирање на развојот на бизнисот и најверојатно дека бизнисот ќе пропадне.
  • Профит. Профитот е она што ќе остане на крај за Вас. Дали има смисла да имате бизнис и да работите, а на крај ништо да не остане за Вас во вид на профит? Мора уште во оваа фаза да размислите и да го определите посакуваниот профит кој ќе се вклучи во цената.

На сликата се прикажани основните елементи кои влегуваат во цената.

Цена - од што е составена?

Цена - од што е составена?

Првиот елемент, чинење на производот и/или услугата е цената која Вас како претприемач ве чини тој производ или услуга. За малопродажба тоа е набавната цена на производот, за производство трошоци за израбока на производот, за услужен сектор тоа е цената за изработка на услугата.

Трошоците на бизнисот се најакрактеристични при определување на цената. Грешките во фазата на определување на цената може да бидат кобни како за Вас како претприемач така и за бизнисот во целина. Со испуштање на некој трошок ќе немате профит или пак во најлош случај ќе работите со загуба. Она што треба да го рагледате како трошок на бизнисот и да го вклучте во цената е:

  • Кирија за простории доколку плаќате,
  • Трошоци за одржување на простории на Вашиот бизнис
  • Враќање на кредити
  • Залихи
  • Плати
  • Режиски трошоци како струја, вода, телефон, комунални такси…
  • Оштетени производи
  • Производи со поминати рокови

Профитот се разгледува како фиксен трошок и се додава на збирот на чинење на производот и трошоците на бизнисот. Профитот зависи од Вас и од пазарот. Вие може да сакате профит од 1000 денари на едно парче, но пазарот не прифаќа толку голема цена. Што значи мора да го избалансирате профитот со пазарот.

Многу често некои бизниси не ја разграничуваат маржата во однос на профитот. Маржата претставува збир од трошоците на бизнисот и посакуваниот профит. Што значи дека маржата освен профитот мора да обезбеди и покривање на трошоци на бизнисот. Маржата најчесто се изразува како процент од цена на чинење или како бројка во единица валута. На пример, доколку цената на чинење е 1000 денари, продажната цена е 1500 денари маржата е 500 денари (бројка во единица валута) или 500/1000 = 50% (како процентуален израз).

Исто така една замка во која можат да навлезат претприемачите е од чиста математичка природа. Маржата се определува како процент од цена на чинење што не е ист процент од продажната цена (цена која вие ја давате). Ова е многу важно доколку давате попусти да знаете кој е максимумот. Од претходниот пример маржата е 50% и изнесува 500 денари, но 500 денари од продажната цена не се 50% туку 500/1500 = 33,33%. Доколку сакате да дадете 50% попуст вие навлегувате во загуба и од цената на чинење (750 денари попуст, 1500-750=750 денари ќе земете пари, а производот сте го набавиле за 1000 денари). Во примеров не навлеговме во трошоците на бизнисот што се дел од маржата, па така Вие ќе можете да дадете попуст многу помалку од 33,33% што во некои случаи може да биде 10% – 20% преку сила, во зависност од висината на трошоците на бизнисот. Затоа, намалувањето на цените ќе бара одредено проучување на трошоците, па и нивно намалување за да се овозможи намалувањето на цената. Еве како влијаат трошоците на цената и профитабилноста:

Компанија АКомпанија Б
Цена на чинење500 денари500 денари
Трошоци на бизнисот300 денари200 денари
Посакуван профит100 денари100 денари
Продажна цена900 денари800 денари

Забележуваме дека компанијата Б има разлика само во трошоците на бизнисот од 100 денари по парче на производ. Тоа е за 30% помали трошоци од компанија А. Со тоа може да го продава поевтино за 100 денари од компанијата А. Но, ако одлучи да го продава производот исто како компанијата А за 900 денари ќе има профит од 200 денари што е за 100% поголем од профитот на компанијата А. Значи со намалување на трошоци за 30% го зголемува профитот за 100%. Оваа е вистинската стратегија за компанија Б и со поголем профит ќе го финансира развојот и растот на бизнисот и секогаш ќе има конкурентска предност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] продолжување на вчерашниот пост кој се однесуваше на определување на цени. Определување на цената на производи и/или услуги со […]

  2. […] период покажавме како успешно да навлезете во процесот на определување на вашите продажни цени. Докажавме дека определување на цена претставува и […]

Speak Your Mind

*