post

ОПШТА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ – ДЕЛ – 4 ВЛИЈАНИЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Дали купувачите самите ја донесуваат одлуката за купување? Дали има некој друг кој им помага во донесување на одлука за купување? Некој од семејството, пријател/ка, познаник…? Ова се доста значајни прашања за претприемачите, особено заради маркетинг активностите кои ќе треба да ги превземе како и за соодветно организирање на продажниот тим. Често пати некој може и да сака да купи нешто од кај Вас, но оној што му прави друштво во пазарењето ќе му каже немој од тука јас ќе ти покажам на друго место.

Прашалникот за општа анализа на пазарот опфаќаше прашања кои имаа за цел да го определат влијанието на третите лица врз купувачкото однесување. Прашалникот за општа анализа на пазарот ги имаше следниве прашања:

  • Дали купувате сами?
  • Дали почитувате туѓи мислења при одлучување во купувањето?
  • Дали правите друштво на другите додека купуваат?

Можете да забележите и самите дека тргнуваме од тоа дали купувачот купува сам или не за да се утврди можноста од влијанието на другите. Потоа, дали купувачот почитува или не почитува туѓи мислења при купување за да како трето прашања видиме дали тој купувач прави друштво на другите и врши влијание при нивно одлучување.

Да преминеме на презентација на резултатите:

  • Дали купувате сами?

 

Резултатите покажуваат дека се изедначени и оние кои купуваат сами и оние кои купуваат во друштво. Значи, скоро 50% од луѓето кога купуваат одат со некој кој им прави друштво.

  • Дали почитувате туѓи мислења при одлучување во купувањето?

 

Овие резултати покажуваат дека и оние кои купуваат сами и оние кои не купуваат сами почитуваат туѓи мислења при одлучување за купување. Не мора да значи дека купувачот немал влијание од друг доколку дошол самиот да го изврши купувањето.

  • Дали правите друштво на другите додека купуваат?

 

И купувачите, дури 78% прават друштво на другите додека купуваат и на таков начин можат да имаат влијание врз другите.

Од анализава забележуваме дека луѓето (потенцијалните потрошувачи) се доста поврзани меѓу себе. Можеби некои маркетинг активности на подрачје кое не мора да биде интересно да даде резултати бидејќи токму тие луѓе имаат моќ да влијаат на одлуката за купување на другите. Подетално за овие резултати ќе можете да прочитате во конечниот извештај од анализата.

Видете го наредниот дел 5 за Заклучни согледувања 

Деловите од оваа анализа можете да ги видите тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Дали тие самите носат одлука за купување? (Ова прашање го ставив во случај со универзитетот бидејќи понекогаш родителите се тие кои ќе ја донесат конечната одлука и мора да бидат дел од оваа анализа. Во 2009-та година спроведовме една општа анализа на пазарот во Република Македонија во кој го анализиравме и влијанието на трети лица во донесување на одлука за купување. Скоро 50% не купуваат сами и над 70% почитуваат туѓо мислење кога донесуваат одлука за купување. Повеќе за овој дел од истражувањето можете да прочитате во Општа анализа на пазарот – влијание на трети лица.) […]

Speak Your Mind

*