post

Оптимизација за потрошувачи

Оптимизација за потрошувачи

Оптимизација за потрошувачи

Секој бизнис има различни потрошувачи, односно купувачи. Не постои бизнис кај кој сите ќе бидат исти, сите ќе се однесуваат исто, сите ќе имаат исти потреби и желби…

Секој претприемач нормално е да сака да ги задоволи сите потрошувачи! Дали е тоа можно? Големите бизниси имаат ресурси ова да биде возможно? Но, што е со малите бизниси? Дали и тие имаат ресурси за такви потфати? Ресурси можеби немаат, но затоа имаат флексибилност и секако снаодливи претприемачи кои се далеку од бирократската спирала на големите компании!

Во продолжение на постот се дадени некои идеи како да се борите со овој феномен и како да успеете да задоволите повеќе различни потрошувачи со различни потреби. Ова го нареков како оптимизација за потрошувачи.

1. Сегментирај постојано

Добра сегментација на потрошувачи која постојано се следи и ажурира ќе ви даде одлична слика за разликите кај вашите потрошувачи. Тие разлики ќе бараат и различни и специфично персонализирани понуди. Прилагодете се кон нивните потреби.

2. RFM формула

RFM формула претставува акроним од почетните букви на:

  • Recency – Временска рамка на нарачки од страна на потрошувачите?
  • Frequency – Колку нарачки направиле потрошувачите?
  • Monetary Value – Колкава е паричната вредност на нивните нарачки?

Со помош на оваа алатка едноставно ќе дојдете до сознанија за тоа на кои потрошувачи да обрнете најголемо внимание и како од една група да ги префрлите во друга група, што претставува оптимизирање за потрошувачите.

3. Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи

Портфолио приод за менаџирање на потрошувачи едноставно ги дели истите во 4 квадранти врз основа на потенцијална (идна) и сегашна вредност на еден потрошувач. Со помош на оваа алатка многу добро ќе знаете на кој квадрант најмногу да се посветите и како да реагирате и да се оптимизирате за сите квадранти.

4. Разбирање на вистинските потреби на потрошувачите

Никој не е Ваш потрошувач само заради тоа што така сака да биде. Секој има некаков проблем кој преку Вашиот бизнис се обидува да го реши. Тој проблем предизвикува одредени потреби. Една од причините зошто бизнисите пропаѓаaт е и несоодветно разбирање на потребите на потрошувачите.

Доколку доволно добро ги разберете потребите на потрошувачите Вие многу едноставно ќе можете да го оптимизирате Вашиот бизнис за тие потрошувачи.

Повеќе детали за тоа како да ги разберете потрошувачите можете да прочитате во 10 чекори за подобро разбирање на потрошувачите.

5. Едноставно прашајте што сакаат

Понекогаш наједноставно е да ги прашате Вашите потрошувачи за тоа:

  • Дали се задоволни?
  • Од што се задоволни?
  • Како да го подобрите Вашиот бизнис согласно нивните потреби?

Прашањата можат да бидат во вид на анкета, или едноставно по секоја продажба поставување на тие неколку прашања. Можете да го искористите и Вашиот бизнис блог или пак веб сајт.

6. Социјални мрежи

Многу, ако не и сите Ваши потенцијални и сегашни потрошувачи се наоѓаат на една, две или пак повеќе социјални мрежи каде споделуваат различни искуства, проблеми и секако потреби. Бидете и Вие таму присутен, следете што се случува и секако помагајте секаде каде може да помогнете.

Ова се некои алатки кои можете да ги искористите за да го оптимизирате Вашиот бизнис кон потрошувачите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*