post

Организирање како менаџерска функција

Организациска структура

Организирањето е менаџерска функција која ја уредува улогата на поединецот во организациска структура и обезбедува комплетен прилив на потребни средства, односно ресурси за создавање на комплетната функционална целина, која ќе овозможи правилно работење на сите сегменти во компанијата.

Тука подразбираме:

  • навремен прилив на финансиските средства,
  • навремено обезбедување на потребните машини и алати,
  • квалитетен избор на локација,
  • навремен дотур на суровини,
  • навремена испорака на готовите делови,
  • обезбедување на квалитетниот човечки потенцијал (менаџерски и неменаџерски),
  • обезбедување на работа за компанијата, односно се што е потребно за непречено функционирање на компанијата како една функционална целина.

Организирањето претставува фаза во менаџерското работење, потребна за создавање поволни услови за работење на успешни тимови.

Со формирање на организациската структура мора да се дефинираат задачите што треба да ги извршуваат вработените, според нивната способност и мотивираност. Потребно е организациските единици да се систематизираат и по можност да се даде опис на секое работно место, при што се создава управно раководна шема.

Организациската структура не служи само за определувањена позиции помеѓу луѓето опфатени со неа, таа многу повеќе ефекти има врз комуникацијата, функционирањето и ефективноста на различните бизнис функции во самиот бизнис.

При заедничкото дејствување, секој вработен во компанијата мора да си ја знае својата улога и таа улога исправно да ја извршува, онака како што е зацртана.

Обезбедувањето со кадар спаѓа во доменот на функција екипирање, но и во организирањето е опфатен дел од оваа проблематика, што претставува преклопување помеѓу организирање и екипирање. Заради тоа голем број на автори, функцијата организирање и екипирање ја набљудуваат како една активност. Без оглед што постојат некои заеднички елементи, ние сметаме дека сепак е добро да се изврши делење на овие функции, бидејќи во организирањето само делумно се обрнува внимание на кадрите, додека со функцијата екипирање се анализираат сите аспекти во работењето со кадрите (како до нив да се дојде, како да се обучат за правилно работење и како со нив да се управува, унапредува, отпушта).

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*