Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

post

(НЕ)ПРОДАВАЧ

Зошто ваков наслов? Прво го нареков продавач, но бидејќи она што тој така наречен продавач го нарави ми се чини дека не е продавач. За една книга читав доста на интернетот и бев спремен да ја нарачам преку амазон. Книгата за која станува збор е Герила Маркетинг од Jay Conrad Levinson, кој е татко на герила маркетингот. Човекот кој прв го внесува терминот герила во маркетингот. Овој термин и приод сосема ги измени темелите на сваќањето на маркетингот и го направи полесен за малите и средните претпријатија. За книгата знаев дека е продадена во над 20 милиони примероци и преведена на над 50 јазици. Ова за мене беше доволно. Зошто? Книга која е продадена во над 20 милиони примероци сигурно вреди. Кога некоја книга ќе достигне таков тираж, тоа не е за потценување.  Но, знаев и за одредени делови кои ги прочитав како извадоци на повеќе веб сајтови кои ја продаваат таа книга како еден вид продажна инка. Но, што се случи?

Отидов во книжарница во која имаше големи попусти. И бидејќи не можев да најдам нешто на попуст што би ме заинтересирало ја забележав оваа книга на маакедонски јазик која не беше на попуст. Пред мене еден човек ја зеде книгата и застана на каса за да ја плати. Но, продавачката веднаш му вели дека книгата е „превазиѓена“ работа и дека е подобро да избере некоја од оние книги кои јас и мојот партнер ги нарекуваме „направи сам“, „сликовница“ или „боенка“. Нормално, човекот ја послуша продавачката и ја врати книгата. Но, најчудно е што и јас подзастанав и се спремив да ја вратам бидејќи била „превазиѓена“ без разлика на моето знаење за таа книга и веќе прочитаните делови од истата. Во истиот момент ми светнува во главата следнаве прашања:

  1. Абе од кај знае оваа што е тоа „првазиѓено“ а што не е?
  2. Дали ги прочитала сите книги?
  3. Во книжарата продаваат секакви типови на книги, дали е експерт од сите области?

По завршување на тие прашања во таа една до две секунди си ја зедов книгата во рака веднаш продолжив со книгата на друга каса ја платив. И не зажалив. Во мојата колекција на над 300 стручни книги имам уште една која навистина претставува „бизнис библија за 21-иот век“.

Но што е онаа значајно за претприемачите:

  • Можете да имате одличен маркетинг кој ќе ви донесе еден куп на потенцијални муштерии, но продавачот може да ја за… работата и да ги изгубите со една неквалитетна продажба.
  • Продавачите без соодветно знаење не смеат да се впуштаат во коментирање на производите (само за да се направат попаметни пред муштерии). Муштеријата бара помош, доколку не сте сигурни и немате познавање како продавач, барем не лажете го.
  • Производите кои се продаваат или кои се нови вообичаено не се ставаат на попуст.

Ако за продавачката книга која е продадена во над 20 милиони примероци е „превазиѓена“ работа што ќе значат книгите кои се продаваат во само 1% (20.000 примероци што за Македонија е огромна бројка) од предметнава книга. Сега Вие кажете дали е тоа продавач или не?

Можете да ги разгледате топ 20 бизнис идеи и да оставите коментар за ваши идеи. Најдобрите 3 ќе добијат бесплатен зборник на тие идеи со разработка на истите на 30-тина страници.

post

20 БИЗНИС ИДЕИ ЗА 2009 И ПО НЕА

На pretpriemac.com објавивме 20 можни бизнис идеи за 2009 година и по неа за кои сметаме дека ќе бидат актуелни за во иднината. Овие бизнис идеи се:

  1. Консултант за кратење на трошоци
  2. Производство и продажба на производи кои овозможуваат штедење на електрична енергија
  3. Пишувач за прес конференции, блогови
  4. Маркетинг консултант
  5. IT консултант
  6. Развој на web апликации
  7. Онлајн бизнис
  8. Онлајн маркетинг консултант
  9. Онлајн рецепти за готвење
  10. Програми за намалување на тежината
  11. Салони за разубавување
  12. Производство на храна
  13. Алтернативни начини за подобрување на здравјето
  14. Еколошка иновација
  15. Давање на часови
  16. Реновирање на станови
  17. Услуги за одржување на хигиена
  18. Одржување на автомобили
  19. Нега на постари луѓе
  20. Моден консултант

Сметаме дека потребата за овие бизниси ќе биде доста голема во текот на 2009 или ќе се зголемува со големо темпо. Можете да оставите коментар за вашето размислување во однос на овие бизниси. Како и коментар за некои други бизнис идеи кои би можеле да влезат во листата. Двајца од вас кои ќе остават најдобар коментар и размислување ќе добијат електронска книга (ЗБИРКА НА ПРЕДЛОЗИ НА 20 БИЗНИС ИДЕИ) со подетална разработка за овие бизниси на 30 страници.

post

ЗОШТО ПРОПАЃААТ БИЗНИСИТЕ?

Бидејќи не можев да најдам некое истражување спроведено кај нас анализирав неколку истражувања во светот во однос на пропаѓањето на бизнисите. Во последниве 12 месеци видов две малопродажни продавници кои затворија по 6 месеци од нивното отворање и кои се наоѓаа во мојата близина. Интересно е што на локацијата кај што едната затвори по месец дена друг претприемач започна бизнис ист како и затворениот. Премногу храбро, бравоооо!!!!! Но пред некој ден гледам дека имаше неколку муштерии кои пазарат, чекаат на ред за плаќање итн. Браво, значи подобри се од претходниот претприемач. Започнување на сопствен бизнис не е само добра идеа, наоѓање на локација и отворање (започнување со работа). Дури по овие активности доаѓа она вистинското за претприемачот, да привлече потрошувачи (маркетинг), да ги менаџира финансиите, да управува со вработени…

На бизнис пазарот отпочнуваат многу исти или слични бизниси, но по неколку години остануваат и одат во следната фаза од животниот циклус само мал процент. И повторно исто прашање: Зошто пропаѓаат бизнисите? Согласно едно истражување кое е објавено од John Murphy од Murphy Associates, Your Marketing Department бизнисите најчесто пропаѓаат поради:

  • Слабо разбирање или недостаток на вештини за готовискиот тек – 82%
  • Започнување со премалку финансии – 79%
  • Недостаток на квалитетен бизнис план – 78%
  • Поставување на несоодветни цени на производите – 77%
  • Преголем оптимизам за продажба и потребни финансии – 73%
  • Игнорирање и непрепознавање на сопствени слабости и небарање на помош – 70%
  • Недоволно промовирање на бизнисот – 64%
  • Недоволно или нерелевантно бизнис искуство – 63%
  • Несоодветно делегирање – 58%
  • Најмување на погрешни луѓе – 56%
  • Недоволно разбирање или игнорирање на конкуренцијата – 55%
  • Преголемо фокусирање на еден потрошувач – 47%

Да продолжиме со уште дна анализа. На друго место прочитав дека најчеста причина за пропаѓање на бизнисите се:

  1. Претприемачот нема искуство
  2. Претприемачот нема доволно финансии
  3. Претприемачот избрал лоша локација
  4. Претприемачот лошо управува со залихите
  5. Претприемачот премногу инвестира во фиксен имот
  6. Претприемачот зема лоши кредити
  7. Лично користење на бизнис финансии
  8. Неочекуван раст

И двете анализи и истражувања навистина покажуваат елементи кои претприемачите или не ги познаваат или ги испуштаат па затоа веќе не се претприемачи. И навистина, незнам дали некој претприемач кој започнал бутик со текстилна стока има направено бизнис план, анализа на локација, вистинска анализа на готовински тек…

Внимавајте на овие елементи кога отпочнувате бизнис, навистина можат да бидат кобни за вашиот нов бизнис, но и за вас самите. Оставете коментар за вашите мислења зошто бизнисите пропаѓаат како би можеле да започнеме со подготовка на една анализа за елементи кои доведуваат до пропаѓање на бизнисите во Република Македонија.

post

ПРОИЗВОД КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УБИЕ

Businesspundit објави текст со 25 најлоши пропаѓања на бизниси во кој ги опишува пропаѓањето на бизнисите со одлична бизнис идеа. Она што ни стана интересно е најлошото пропаѓање на трето место за компјутерите кои на многумина од нас било прво среќавање со чудото на тоа време.

Се сеќаваме на времето кога комјутерите беа само 64 килобајти. За што ги користевме? Секако за добри игри за тоа време кои гледани од денешно време се смешни. Во периодот од 1983 до 1986 година големите компании како IBM, Apple и Atari не можеа да се снајдат што им се случува. Commodore64 компјутерите се продаваа во 2 милиони примероци годишно и држеле скоро 50% од пазарот.

Секој производ си има свој животен век или животен циклус кој оди од раѓање до смрт (веќе не се произведува и користи). Затоа компаниите воведуваат нови производи кои ги заменуваат старите кои се во изумирање. Доколку ова не се случи, бизнисот пропаѓа. Така и Commodore се обидува да воведе нов производ кој ќе го замени славниот C64 со побрз и подобар. Но, што се случува? Новиот компјутер е скап и не ги задоволува потребите на потрошувачите за кои би требале да платат многу повеќе пари. Така си продолжуваат со користење на нивната омилена C64-ка.

Како што поминува времето од скалата на животниот циклус на производот се намалува и цената. Така компанијата не можеше веќе да ги произведува C64 по соодветна цена, а новите производи не и се трошеа. Така во 1994 година компанијата банкротираше.

Што може да се научи од искуството на Commodore:

  • Некои производи едноставно неможат лесно да се убијат, искористи ја таквата предност
  • Нов производ треба да ги задоволува потребите на пазарот многу повеќе отколку претходниот
  • Разликата во цена на новиот и стариот производ да не биде драстична, така купувачите ќе можат да ги пробаат новитетите
  • Потребна е соодветна стратегија за замена на производите која ќе биде прилагодена со потребите на потрошувачите.
post

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ЦЕЛИ

Само како една претстава со што се занимаваат политичарите во САД во време на рецесија.

Пред некој ден новоизбраниот претседател на САД Барак Обама го предупреди конгресот да дејствува побрзо во однос на мерките за стимулација на економијата како што е кратење на даноците и инфузија на 800 милијарди долари во економијата или да се соочат со последиците дека рецесијата ќе трае навистина долго.

Новоизбраниот претседател најави дека неговата цел е:

  1. За двојно да го зголеми производството на алтернативна енергија во наредните 3 години
  2. Да ги компјутеризира сите медицински записи во државата во наредните 5 години
  3. Да модернизира 75% од федералните згради
  4. Да ја подобри енергетската ефикасност во 2 милиони домови
  5. ИТН…

Што може да се види во неговите цели?

Прво сите се конкретни и користат бројки. Двојно зголемување, сите медицински записи, 75% од федерални згради, 2 милиони домови. Ова се долгорочни цели кои преку подобра енергетска економија, поефикасен здравствен систем, подобро едуцирани деца на долги стази ќе го направат САД поконкурентен.

Но како е кај нас?

Искористеност на алтернативните извори на енергија на ниско ниво. Сеуште енергетскиот капацитет на Македонија зависи од термоелектраните и увозот на електрична енергија. Но, сепак мора да признаеме во последниве неколку години почнавме да размислуваме и за оваа прашање.

Компјутеризација на здравство не е ни започната. Рецепти за лекови сеуште се исти како и пред 20 години, здравствени книшки не се на картичка туку во вид на тетратка. Да одиш на преглед кај специјалист треба упат од матичен, па специјалистот ти пишува кои лекови треба да ги набавиш, потоа одиш кај матичен за рецепти па дури тогаш во аптека да ги набавиш лековите. Кај е тука ефикасноста?

post

НАЈВАЖНИ РАБОТИ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ ВО 2009

Сите анализи и предвидувања кажуваат дека 2009 година ќе биде тешка година. Уште сега се чувствува недостаток на финансиски средства за бизнисите. Банките ги усложнија и ги намалија пласирањата на кредитите. На што ќе треба претприемачите да обрнат посебно внимание во 2009 година?
Две работи за успех на малите бизниси ќе бидат клучни:

  1. МАРКЕТИНГ (Немојте да тргнете со кратење на трошоци од маркетингот. Единствено со добар маркетинг ќе можете да привлечете потрошувачи и солидни приходи за вашиот бизнис. За таа цел изберете неконвенционални и уникатни маркетинг техники. Користете онлајн маркетинг преку сопствен веб сајт, блог и онлајн социјални мрежи)
  2. ГОТОВИНСКИ ТЕК (Без соодветна готовина бизнисите ќе пропаѓаат. Направете квалитетна анализа на готовински тек и пред секој нов месец определете буџет што нема да го наруши готовинскиот тек на бизнисот и придржувајте се до истиот. Единствено така ќе имате готовина за водење на вашиот бизнис)

Ова се најголемите предизвици за 2009 година.

post

5 ПОДГОТОВКИ ЗА ДА БИДЕТЕ УСПЕШЕН ПРЕТПРИЕМАЧ

Дали претприемачот се раѓа? Дали за да бидете успешен претприемач е доволно да се родите како такви? Дали претприемништвото е нешто што се учи? Ова се прашања кои со години се бара одговор. На www.pretpriemac.com има артикал за 6 концепции за претприемништвото. И од овој артикал ќе видите дека постојат различни концепции кои се занимаваат токму со овие прашања. Но, сепак едно и единствено е точно дека предност можете да имате со вродени претприемнички особености, но таа предност за да се искористи треба да се подготвите соодветно и да знаете да ја препознаете можноста за вашиот бизнис. Но какви се тие подготовки?

Подготовките може да бидат од различен вид. Може вашите подготовки да ги стекнете со вашето високо образование. Се повеќе и повеќе факултети во Република Македонија нудат ваков високообразовен степен. Но, повеќето претприемачи или немаат можност да студираат или немаат време бидејќи веќе се зафатиле со сопствен бизнис. Постојат и примери на успешни претприемачи кои започнале и го развиле својот бизнис без факултет. Да го земеме примерот со основачот на Microsoft, Bill Gates. Ќе наведеме некои подготовки кои секој претприемач би требало да ги изведе без разлика дали има завршено или нема завршено високо образование кое опфаќа модул за претприемништвото.

  1. Читање на книги од оваа проблематика од кои може да се искористат разни совети кои коже да имаат влијание во текот на животниот циклус на вашиот бизнис.
  2. Читање на релевантни веб сајтови кои ја обработуваат оваа проблематика како www.pretpriemac.com. На ваквите сајтови ќе можете да најдете различни совети и теоретски и практични кои може да помогнат во развојот на ваѓиот бизнис.
  3. Читање на блогови кои обработуваат теми од претприемништвото како што е www.pretpriemac.com. Вклучете се активно во коментирање на темите од блогот и комуницирајте со авторите и посетителите. На ваков начин ќе можете да извлечете и добиете бесплатни совети за развој на вашиот бизнис.
  4. Зачленете се на форумите за претприемништвото и читајте различни теми и коментари. Собирајте информации за различни размислувања и процеси на работа за различни претприемачи.
  5. Развијте вештини како што е веб дизајнирање за да ги скратите трошоците за овие работи. Интернетот е во фаза на овозможување секој да биде достпен на веб и со помош на темплејти да си го развие сопствениот веб сајт без да потроши ни еден денар. Можеби професионалноста нема да биде на високо ниво на ваков начин, но доколку сакате да бидете достапни на веб (се смета дека бизнисите кои нема да бидат на веб нема да преживеат), а немате финансиски ресурси за да намите професионален изработувач на вашиот веб сајт започнете со овие бесплатни варијанти, па кога ќе имате можност во подоцнежни фази ќе преминете на outsourcing за овие активности. Запомнете важно е да започнете токму сега со веб презентација.
post

ВИРОЗЕН МАРКЕТИНГ

За pretpriemac.com напишав текст за вирозен (viral) маркетинг. Повеќе луѓе ми поставија прашање зошто го преведувам зборот viral. На wikipedia на македонски е преведено како вирален маркетинг. Иако не можев да најдам дека во македонскиот јазик постои термин вирален објект или било што. Се наметна и идеата дека тоа е мрежен маркетинг. Можеби, сепак се користат социјални мрежи за распространување на објектот.

Viral преведено на македонски значи вироза, или нешто што има вирус па една од причините зошто избрав да го користам терминот вирозен е таа. Втора причина е објектот. Сметам дека за успешен вирозен маркетинг најзначаен елемент претставува објектот кој и го содржи вирусот. Без разлика дали објектот ќе биде:

  • човек кој од уста на уста ќе ја пренесува порака
  • e-mail кој од примател на примател ќе ја пренесува пораката
  • производ кој како пробен ќе се препраќа од еден на друг
  • итн.

Значи не е мрежата најважна. Може да имаме најдобра социјална мрежа која ќе ја користиме, но доколку објектот не е доволно вирозен нема да може да се прошири до таа мерка до која би требало. Но, доколку имаме силно вирозен објект кој има огромен потенцијал на ширење, мрежата сама ќе се појави. Силната вироза се добива со користа што треба да ја добијат пренесувачите. Што значи интензитетот на вирозата зависи директно од користа што ќе ја добијат членовите на социјалната мрежа. Затоа се одлучив дека е најдобро да го користам зборот вирозен бидејќи ќе биде преведено на македонски јазик и од друга страна ќе ја даде вистинската слика за она што всушност претставува вирозен маркетинг.

post

Размислувања за менаџерите и менаџментот

  • Менаџерите ја исполнуваат својата задача со тоа што ги потикнуваат другите да ги извршуват своите задачи.
  • Менаџмент значи да се потикнуваат другите да го прават она што мислиме дека е правилно.
  • Да се работи нешто со рацете на другите.
  • Менаџментот е остварување на нешто што се сака да се направи преку луѓето.
  • Менаџерите работат со и преку луѓето.
  • Менаџерите се луѓе кои донесуваат реализират одлуки.
  • Менаџментот е остварување на нешто преко луѓето.

Дали имате некои други размислувања во однос на менаџерите  и менаџментот. Дајте Ваш коментар.

post

5 Начини да се уништи маркетинг план

На претприемач постои пишан текст што треба да содржи добар маркетинг план. Добар маркетинг план треба да биде водилка за успешна работа на вашиот бизнис.

biznis-plan-pretpriemac

Bred Sugar колумнист и писател на 14 книги од областа на бизнисот напоменува 5 работи кои треба да се избегнуваат при подготовка на маркетинг план (извор: entrepreneur.com):

Продолжи…