post

Плаќање по постигнување

Плаќање по постигнување

Веќе подолго време се обидувам да најдам одредена корелација помеѓу успешноста на бизнисот и начинот на поттикнување на вработените! Три години поминаа откако воведов еден ваков систем каде основа на плаќање е постигнатото, а не часови или денови работа.

Сметам дека можам веќе да согледам некои елементи од овој начин на работа иако сеуште не сум наишол на вработен кој навистина ќе го сака овој начин на работа. Можеби затоа што не сум сеуште наишол на квалитет кој го барам!

Многу успешни компании користат ваков систем на работа и ја темелат сопствената успешноста на еден таков систем. На ваков начин ја поттикнуваат креативноста и секако се поголемо остварување од страна на поединците при што се трансформира поединечното во компаниското остварување!

Како основни елементи кои може да влијаат за една ваква стратегија би можел да ги издвојам следниве:

  • Правилен дизајн на имплементација на стратегијата.
  • Избор на вистински вработени во согласност со дизајнираната имплементација.
  • Имплементација во реалноста.

Дизајн на имплементација

Сметам дека е многу важен дизајнот на системот бидејќи преку него ќе поттикнуваме соодветна акција. Но, не смееме да заборавиме на можностите или бизнис капацитетот. Кога велам можностите и бизнис капацитетот мислам првенствено на финансии. Морате прецизно да ја пресметате математиката.

Од друга страна дизајнот треба да обезбеди и задоволство на втората страна, како со поголемо залагање би добиле повеќе.

Избор на вработени (Селекција)

Можеме да имаме одлично дизајниран систем, но доколку не избереме соодветни вработени нашиот перфектен систем нема да функционира. За да еден добар систем функционира мора неговиот состав да биде перфектно составен. На пример, капацитетот на вработениот е подпросечен од она што го нуди вашиот систем, па најнормално е нивниот морал да опаѓа и на таков начин се создава контраефект!

Имплементација на системот

Иако е се супер дизајнирано, иако ги имате најдобрите вработени често пати во пракса ќе се појават недоречености што предизвикуваат забуна кај двете страни. Дизајнираното мора да се примени во целост во пракса. Сите недоречености да се прецизираат и секоја промена да биде ставена на хартија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Киро Велковски says:

    Конкретно за која услуга станува збор? И како оди наградувањето?

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Станува збор за плаќање со флексибилен систем за пресметка на плата. На пример, може да биде составен од: фиксен дел, по постигнување (процент од продажба, број на проекти завршени…) и бонусен дел (над толкава продажба плус толку денари, над толку проекти плус толку денари).

Напиши одговор на Киро Велковски Откажи одговор

*