post

Планирање како менаџерска функција

Бизнис план
Бизнис план

Планирањето е присутно во секој дел од човечкиот живот, без оглед дали се работи за планирање за потребата на компанијата или за приватните потреби.

Со планирањето, менаџерот подготвува услови за функционирање на компанијата во времето што е пред него. Кога планирањето е квалитетно, квалитетно е и живеeњето и работењето. Преземање акции без претходно направен план е погрешен потег. Доколку не се придржува до планот, менаџерот не може да ги реализира зацртаните цели, без оглед колку е планот добар.

Планираното може да не биде реализирано од оправдани и неоправдани причини. Некогаш е во прашање „виша сила“, односно тоа се фактори на кои менаџерот не може да влијае во значајна мерка, меѓутоа, доколку планираното не се реализира поради недоволно ангажирање на менаџерот или вработените, тогаш тоа е неоправдано изостаната реализација.

Плановите се прават за различни временски интервали. Далекусежноста во планирањето зависи од тоа каде се наоѓа менаџерот во хиерархиската пирамида. Колку е менаџерот погоре во пирамида, дострелот на плановите се поголеми. Плановите може да се поделат на:

  • долгорочни,
  • среднорочни и
  • краткорочни планови.

Долгорочноста на планирањето зависи од индустријата во која се наоѓа компанијата и од реалните и потенцијалните фактори кои можат да имаат влијание на работата на компанијата.

Долгорочните планови за една брзорастечка индустрија (како компјутерската индустрија, индустријата на мобилни телефони) би го опфаќале периодот од неколку години, додека во некоја спорорастечка гранка, тој период би изнесувал десет или повеќе години.

Со отварање на светскиот пазар, голем број од факторите почнуваат да бидат релевантни во реализирањето на планот, па станува се потешко со сигурност да се постават долгорочните планови. Во поголем број на случаи, долгорочните планови се базираат врз стратешки определби кон кои треба да се стреми компанијата. Пример, во сегашен момент компанијата има 20 % пазарно учество, а за идните 5 години се планира тоа учество да биде 25 % или се поставуваат цели во наредните 5 години да се зголеми профит за 7 %. Врз база на така поставени генерални планови се прават краткорочни парцијални планови, каде се опфаќа секој сегмент од работењето. Таквите планови можат да бидат годишни, полугодишни, месечни, каде се настојува да се остварат цели поставени во долгорочните планови.

Бидејќи се прават за пократок временски период, краткорочните планови се значително пореални, бидејќи главно се познати сите фактори кои можат да имаат влијание врз реализирање на планираното. Врз база на овие планови голем број на менаџери, на сите нивоа, прават неделни и дневни планови со што ја зголемуваат својата ефикасност во работењето.

Слично како и одлучувањето и планирањето претставува секојдневна активност на менаџерите и никако не е еднострана функција која сама егзистира, бидејќи се планира кадар, производство, контрола. За целите на проучувањето, тоа се одвоени менаџерски функции, но во пракса сите функции претставуваат една функционална целина и во сите тие манаџерски функции се јавува планирање, без кое тие функции не би можеле да бидат реализирани.

Патот од идејата до реализацијата на бизнисот е тежок и непредвидлив, па планирањето кое се врши за бизнис потребите, се нарекува бизнис план.

Бизнис планот се користи за:

  • започнување на нов бизнис,
  • развој на постојниот бизнис,
  • развој на нов производ или услуга,
  • обезбедување на финансиски средства,
  • донесување на менаџерски одлуки,
  • развој на маркетинг алатките,
  • контрола на работењето.

Постојат мали разлики доколку бизнис планот се прави за потреба за отпочнување на бизнисот и бизнис план кој се прави за компанија која е веќе етаблирана на пазарот.

Кога се изработува бизнис планот за потребите за отпочнување на бизнисот, се јавуваат голем број на непознати параметри, но тоа не треба да го исплаши менаџерскиот тим кој го изработува бизнис планот, бидејќи тие само треба да го стават на „хартија“ она што планираат да го работат, како и начините на работење и условите кои треба да бидат остварени.

Изработката на бизнис планот за потребите на компанија која веќе има учество на пазарот е значително полесна варијанта, бидејќи менаџерскиот тим кој го изработува бизнис планот е искусен и „прекален“, свесен за значењето на бизнис планот за остварување на целите на компанијата, па со поголем елан и со поголемо искуство пристапуваат кон неговото реализирање. Искусните менаџери се свесни дека во бизнисот не треба да се оди со убедувањето дека е доволно многу работа и дека резултатите сами ќе дојдат, туку внимателно пристапуваат кон изработката на бизнис планот, кој го проширува видокруг и знаење на менаџерот.

Можните грешки се прават на „хартија“ и лесно се проверуваат голем број на опции, за да се одбере најдобрата. Со изработката на бизнис планот може да се утврди дека некоја идеја не е добра и таа треба да се одстрани како можност.

Менаџерите често се жалат поради недостиг на времето потребно за изработката на бизнис планот, но бидејќи бизнис планот има голема употребна вредност, времето не е залудно изгубено. Бизнис планот претставува деловна тајна и треба да се внимава конкуренцијата да не дојде до него, за да не го загрози неговото спроведување. Изработката на бизнис планот треба да е тимска работа, а оној менаџерски тим кој го подготвил бизнис планот треба и да го реализира, бидејќи се запознаени со можностите кои ги нуди бизнисот.

Бизнис планот овозможува да се:

како и ред други прашања, кои тешко можат во стеснет облик да се презентираат, бидејќи бизнис планот е еден опсежен документ, па за неговата изработка е потребно да се познаваат голем број на релевантни податоци.

Со определување на целите кон кои треба да се насочи работење на компанијата, менаџерите го определуваат правецот на дејствување на компанијата како целина и на секој поединец како член на таа целина. Поставените цели мора да бидат SMART цели.

Бизнис планот треба да се ажурира, користи, усовршува и освежува, а врз база на согледаните резултати треба да се корегира, но и да служи за контролна врска помеѓу планираното и оствареното.

 

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*