post

Подобрување – последица на грешки

Подобрување како последица на грешки

Подобрување како последица на грешки

Секое големо подобрување се појавува по повторување на грешка. Буквално ништо не се изведува правилно од прв пат. Грешки, повторени грешки, се помагала на патот кон остварувањата. ~ Charles Franklin Kettering

Успехот во бизнисот се остварува само ако вашата компанија е подобра денес од вчера, или пак подобра утре од денес. Подобрување е основа за стекнување на конкурентска предност. Како и да е, од друга страна подобрувањето не може да се појави без причина. Си има свој сопствен извор, или претставува последица на нешто.

Еден извор на подобрување претставува постоење на проблем внатре или надвор од компанијата. Тој проблем бара решение. Решението значи подобрување.

На пример, промена на потребите на пазарот бара промени во производи и/или услуги кои ќе бидат понудени на пазарот. Промените во производот и/или услугата значи и подобрување на тој производ и/или услуга.

Друг извор на подобрување е претходна грешка која го зголемува твоето знаење и доведува до подобрување без да се повтори истата грешка во иднина.

На пример, сте направиле грешка во вашиот бизнис план за потребите на потрошувачите. Веднаш откако ќе откриете дека сте направиле грешка која води до слабо поминување на вашиот производ/услуга ќе го ажурирате вашиот бизнис план.

Управување на мал бизнис претставува процес кој води до знаење како дел од зголемување на бизнис потенцијална енергија. Знаењето може да дојде од различни извори, но најголемиот дел е од сопственото искуство на претприемачот.

Прашања кои мора да се запрашате

Кога се двоумите за нешто, разгледувајте и поставувајте прашања. Кога сте сигурни разгледувајте подлабоко и запрашајте се со уште повеќе прашања. ~ George S. Patton

  • Кои се најголемите промашувања кои ги направивте откако го започнавте бизнисот?
  • Што можете да научите од тие грешки?
  • Кои се реалните причини за тие грешки?
  • Како можете да ги избегнете овие грешки во иднина?
  • Како можете да се подобрите самите себеси и вашиот бизнис врз основа на тие грешки?
  • Што треба да превземете за да се подобрите себеси и вашата компанија?
  • Кога треба да превземете конкретни чекори за да се подобрите самите себеси и вашиот бизнис?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*