post

Поедноставување – Маркетинг Средство 38

Ова маркетинг средство не ми беше во листата до пред некој ден, кога го ставив и му дадов приоритет. Приоритет зошто на еден состанок увидов дека луѓето од маркетинг воопшто не знаат како прво што е маркетинг и дека всушност маркетинг едноставно претставува поедноставување на достапноста на производот и/или услугата до потенцијалниот потрошувач. Па затоа како 38-мо маркетинг средство на претприемач ќе биде поедноставување.

Оваа маркетинг средство се применува за сите типови на производи и/или услуги. Од друга страна може и треба да се применува како еден принцип и за сите останати маркетинг средства без разлика дали се онлајн или пак офлајн маркетинг средства.

Што претставува поедноставување?

Поедноставување во однос на маркетингот едноставно претставува изведување на активности кои ќе му го поедностават патот на потенцијалниот купувач да стане вистински купувач.

Значи поедноставувањето како маркетинг средство значи скратување на чекорите кои еден потенцијален купувач ќе треба да ги изоди за да стаса до вашите производи и/или услуги. Колку помалку чекори толку подобро за вас и за вашиот бизнис. Колку помалку чекори толку ќе биде поголема веројатноста дека еден потенцијален купувач ќе се нафати да го изоди патот.

На пример, доколку сакам да контактирам со некој бизнис би сакал да имам контакт информации, а не да одам претходно низ именик да барам и да ги пронајдам тие контакт информации.

Доколку сакам да контактирам сакам да контактирам на начин кој јас самиот ќе го дефинирам, а не луѓето од бизнисот да ми предвидат кои прашања да ги поставам.

Сето ова се одредени можности на подобрување кои преку ова маркетинг средство може да се применат.

Како до поедноставување?

Првин на секој човек од маркетинг треба да му биде јасно дека купувачот е во центарот на вниманието. Неговиот живот првин ќе треба да го олесниме, а потоа нашиот.

Еве некои совети во однос на примена на оваа маркетинг средство:

1. Отстрани секаква бирократија

Бирократија е резултат на преголема администрација, при што во секој процес се зголемуваат чекорите. Не се оди по најкраткиот и најоптималниот пат туку се оди по оној документираниот. Кога станува збор за маркетинг нема потреба од никаква бирократија.

2. Разгледај, анализирај и оптимизирај ги сите процеси

Процесот е тој кој ја претставува сложеноста или едноставноста на нешто. Разгледај ги сите процеси кои се во функција на привлекување на потенцијални купувачи. Направете дијаграм на тек за секој од најважните процеси и анализирај каде може да се оптимизира истиот преку исфрлување на непотребни чекори или активности во самиот процес.

3. Скрати ги процедурите

Наместо да имаш MS Word документ во вид на форма која потенцијалниот купувач ќе треба:

  • да ја симне од Вашата страна
  • да ја пополни
  • да ја сними пополнета
  • да ја закачи и испрати преку меил.

имајте едноставна веб форма со основни податоци и место за прашање кои кога ќе се пополнат едноставно ќе се притисне копчето Испрати и потенцијалниот купувач завршил работа. Во ваков случај истиот тој потенцијален купувач ќе треба:

  • да ја пополни веб формата
  • да кликне на испрати.

Ја воочувате ли разликата? Од 4 стигнавме до 2 едноставни чекори.

4. Прашај ги купувачите

Едноставно прашајте го секој купувач кој за првпат доаѓа кај вас како ве нашол. Имал ли маки или едноставно преку вашите маркетинг кампањи стигнал до вас. Прашајте се зошто е тоа така. Ако е добро што сте направиле за да биде добро и како да го примените истото во сите останати процеси и маркетинг кампањи. Доколку е лошо како дали може да се елиминира или пак подобри и како да се поправи тоа лошо во сите останати процеси и маркетинг кампањи.

Купувачите ќе ти ги дадат најдобрите одговори за она каде сте силни а каде сте слаби.

5. Подобрувај постојано

Секогаш ќе има можност за подобрување. Едноставно следи ги резултатите и подобрувај веднаш кога ќе увидиш можнст за подобрување.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Hristijan Kizov says:

    Pocituvani,

    Ve molam objavete tekst za magacinsko rabotenje.

    Odnapred blagodaram,

    Hristijan Kizov

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Благодарам за идејата. Мислам дека набргу ќе продолжам со некои текстови за складирање и безскладишно работење. Можеш да прочиташ нешто за ова доколку пребараш за ABC анализа преку полето за пребарување во страничната лента на претприемач.

Speak Your Mind

*