post

Постави ги твоите бизнис цели одговарајќи на следниве прашања

Бизнис цели

Бизнис цели

Во светот на малите бизниси, се што ти или твојот бизнис го превземате или секоја акција која ја превземаш е за да постигнеш нешто. Тоа нешто се твоите бизнис цели.

Дали ти си претприемач кој го води сопствениот бизнис без цели?

Мал бизнис без соодветни цели е исто што и човек загубен во една прашума.

Знај го твојот финиш

Не можеш да започнеш со поставување на бизнис цели доколку не знаеш што сакаш да постигнеш во иднина, односно за времето за кое ќе се однесуваат целите. Мора да знаеш каде твојот бизнис сакаш да биде во иднина.

Одговори ги следниве прашања:

  • Каде се наоѓа мојот бизнис сега кога станува збор за потрошувачи, продажба, приход, профит…?
  • Какви се резултатите од минатото? Зошто ги имам постигнато и зошто ги немам постигнато моите цели во минатото?
  • Што морам да поправам мојот процес на поставување на цели, а што го научив од одговорот на претходните две прашања?
  • Каде сакам мојата компанија да биде во однос на потрошувачи, продажба, приход, профит… по 5 години од сега?
  • Каква е визијата за мојот бизнис?
  • Кои се моите таргети за следните 5 години?
  • Постојат ли билокакви препреки за постигнување на моите цели?
  • Како можам да ги надминам препреките доколку постојат?
  • Што ќе се случува во иднината?
  • Кои се трендовите во мојата индустрија, пазарот или блиското бизнис опкружување?
  • Какви промени би сакал да видам во мојот бизнис во следните 5 години?
  • Какви промени би сакал да ги видам надвор од мојот бизнис во наредните 5 години? Дали тоа е возможно и колку?

Забележувате дека прашањата ве водат низ еден систематски пристап на определување на вашите цели започнувајќи од вашата сегашна состојба, преку визија, терндови и аспирации до можните цели.

Определување на твоите бизнис цели

Како што можеш да забележиш од претходниот дел и прашањата, ја имаш основната рамка за твоите бизнис цели. Знаеш што сакаш да постигнеш, ги знаеш идните трендови и заеш што МОРА да постигнеш.

Гледај ги твоите цели како точки кои ја поврзуваат траекторијата од твојата сегашна позиција до точката каде сакаш да биднеш во следните 5 години.

Сега со сето тоа знаење, едноставно треба да ги поставите вашите бизнис цели на парче хартија и да ги одговорите следниве прашања:

  • Дали моите цели се специфични?
  • Дали моите цели се мерливи?
  • Дали моите цели се остварливи?
  • Дали моите цели се реалистични?
  • Дали моите цели се временски ограничени?

Целта на овие прашања е да ги направите вашите цели во SMART форма.

Дефинирај конкретни чекори за секоја цел

Тука ќе треба да одговорите на само едно прашање по што ќе бидете спремни да го започнете маратонот на дефинираната траекторија се до финишот кој сте го предвиделе.

  • Кои акции треба да ги превземам за да ги исполнам секоја од моите дефинирани цели?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*