post

Разлика Помеѓу Потенцијален Купувач и Интересент

Често пати се поставува прашањето која е разликата помеѓу потенцијален купувач и проспект или може да се нарече уште и како интересент. Потенцијален купувач може да биде секој, додека интересент (prospect) е оној кој веќе пројавил интерес за купување.

Потенцијален купувач

Потенцијален купувач може да биде било кој бизнис или физичко лице кој има некаков потенцијал да стане купувач на еден бизнис. Не значи дека ако има потенцијал дека има и интерес да купи нешто.

На пример, да земеме еден бизнис козметички салон за жени кој оперира на еден сегмент на пазарот составен од жени на возраст од 20 до 50 години. Доколку тој број е 50.000,00 жени може да се каже дека сите тие претставуваат потенцијални купувачи. Сите маркетинг средства на тој бизнис се насочени кон тој сегмент на пазарот. Но, многу е тешко да кажеме дека ќе успееме да пројавиме интерес кај сите тие жени. Некои се верни на конкуренцијата, до некои воопшто нема да допрат маркетинг средствата, некои пак воопшто не користат ваков тип на услуги…

Иако не значи дека сите тие може да бидат потенцијални купувачи сепак овој бизнис не треба да се откаже од нив. На пример, овој бизнис треба да се обиде:

  • Да преземе дел од верните на конкуренцијата
  • Да допре до колку што може поголем дел од овој сегмент на пазарот преку соодветно дизајнирани маркетинг кампањи
  • Да пробуди интерес и кај оние кои не користат вакви услуги за да станат купувачи.

Она што е важно е дека потенцијалните купувачи се трансформираат во интересенти. Да се потсетиме на продажната инка и како можеме да ја подобриме каде една од можните подобрувања е зголемување на бројот на потенцијални купувачи на влезот.

Интересенти

Како што може да се види од сликата, и како што кажав на почетокот интересенти се сите оние кои веќе пројавиле интерес за купување. Значи, тие првин биле потенцијални купувачи, потоа станале свесни за постоење на бизнисот и на крај дел од оние свесни пројавуваат интерес за купување.

Ова е еден процес на трансформација кој бизнисот ќе мора постојано да го применува. Не можете потенцијалниот купувач веднаш да го претворите во купувач. Ќе мора да се помине низ еден ваков процес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Разлика Помеѓу Потенцијален Купувач и Интересент — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Разлика Помеѓу Потенцијален Купувач и Интересент http://ow.ly/17d7Mx […]

  2. […] треба да застанете, каде може да се качат уште патници (потенцијални купувачи) или да се симнат некои од досегашните патници (губење […]

Speak Your Mind

*