post

Што сакаат потрошувачите?

Потрошувач - Што сака?

Потрошувач - Што е она што го сака?

Што сакаат потрошувачите? Мислам дека не постои претприемач кој не го сака одговорот на оваа прашање. Но, одговорот не е лесен и не може да се даде еден уникатен одговор за оваа кратко но сложено прашање. Секој бизнис е различен, но и бизнис од иста бранша, но на различни пазари ќе има различни одговори на оваа прашање.

Знам дека сите ние сакаме еден темплејт. Но, такво нешто веќе не постои. Денешниов динамичен свет не може да се следи со упатства и прирачници во вид на темплејти. Затоа ќе се обидам тука да наведам неколку елементи кои може да имаат влијание на она што потрошувачите го сакаат. За таа цел ќе ги класифицирам тие посакувања на три групи:

  • Што сакаат од бизнисот во целина?
  • Што сакаат од производот и/или услугата?
  • Што сакаат од продажниот тим?

Бизнис

Што е она што се бара од бизнисот? Секако дека не ги интересира Вашиот бизнис план, бизнис процес или пак бизнис модел. Но, може да ги интересира следново:

  1. Надежност.
  2. Доверба.
  3. Комуникација.
  4. Внимание.
  5. Навремени информации.
  6. Репутација.
  7. Кредибилитет.
  8. Пристапност.
  9. Бренд.

Производ и/или услуга

Тоа е она што еден бизнис и еден претприемач го продаваат. Тоа е резултатот на бизнис идејата. Она што влијае и на што треба да се обрне посебно внимание за секој производ и/или услуга е следново:

  1. Што има тука за мене?
  2. Квалитет.
  3. Карактеристики.
  4. Вредност.
  5. Цени.
  6. Услуга која ги надминува нивните очекувања.

Продажен тим

Продажен тим е третиот елемент кој го креира она што потрошувачите го сакаат. Продажен тим е тој кој е во директна комуникација со потрошувачите и тој кој реба да има најмногу информации за тоа што тие сакаат:

  1. Знаење.
  2. Достапност.
  3. Пријателско расположение.
  4. Културно однесување.
  5. Помош.
  6. Комуницирање.
  7. Одговор со Да, и потоа продолжување на реченицата, а не започнување со Не.
  8. Насмевка на лицето.

Сето ова може да биде како еден вид на потреба или она што еден потрошувач ќе го вреднува но и не мора да значи дека токму сите елементи ќе се бараат. Но, во секој случај, еден бизнис и еден претприемач нема да загубат туку само ќе добијат доколку сите елементи ги инкорпорираат во сосптвениот бизнис.

А може и да ги поминете сите уште еднаш и да се запрашате што можете да подобрите во секој од горенаведените елементи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] бизнис во очите на потрошувачите ќе биде попрофесионален со препознатливо лого […]

Speak Your Mind

*