post

Познавање на потрошувачите – Маркетинг средство 42

Потрошувачот претставува најважната личност во Вашиот бизнис свет. За ова не треба да се залажуваме дека не е точно. Тој идеален потрошувач за вашиот бизнис го прави Вашиот бизнис реален, односно да функционира или опстојува на пазарот.

Познавање на потрошувачите

Доколку ги следите маркетинг средствата кои ги презентираме на претприемач ќе забележите дека досега на некој начин опфативме неколку елементи за потрошувачите. Следниве написи од маркетинг средствата на претприемач се директно или индиректно поврзани со оваа маркетинг средство:

Во оваа 42-ро маркетинг средство ќе стане збор за нешто сосема друго, а тоа е познавање или осознавање на Вашите сегашни и потенцијални потрошувачи. Вашата задача како претприемач е оваа активност да ја ставите како составен дел на Вашиот годишен маркетинг календар и тоа понатаму секогаш да биде дел од сите Ваши активности поврзани со маркетингот.

Истражување како основа за осознавање на потрошувачите

За да дознаете за нешто, односно за да осознаете нешто секогаш ќе ви биде потребно истражување. Така и за подобро запознавање на Вашиот идеален потрошувач ќе мора да направите соодветно истражување.

Вашиот бизнис ќе успее само доколку го понудите онаа што Вашите потрошувачи навистина ќе сакаат да го купат, а ќе знаете што тие сакаат само доколку доволно добро ги познавате. А ќе ги познавате доволно добро доколку ги знаете нивните:

  • Чувства,
  • Фрустрации,
  • Верувања и
  • Желби.

Какви се нивните чувства за одредени прашања во однос на проблемите кои Вашиот бизнис ги решава? Што е она што најмногу ги прави фрустрирани, а е поврзано со проблемите кои ги решева Вашиот бизнис? Кои се нивните верувања во однос на тие проблеми кои Вашиот бизнис ги решава? Кои се нивните желби за проблемот кој го имаат и кој Вашиот бизнис ќе треба да им го реши? Ова се некои од прашањата на кои ќе треба да дадете одговор.

Во премиум материјалот на претприемач во неколку неделно излагање и практично прикажување ќе бидат опфатени над 10 методи и начини за осознавање на Вашите идеални потрошувачи. Ќе напоменам два глобални начини кои можете да ги искористите:

  1. Да ги прашате сегашните потрошувачи.
  2. Да ги следите прашањата на потенцијалните потрошувачи онаму каде што тие ги поставуваат тие прашања.

Тука само би додал еден совет. Никогаш немојте да очекувате дека ќе најдете целосни одговори на овие прашања. Запомнете дека вие сте претприемач и донесувате одлуки на непотполни информации и податоци за што пишував во Важноста на брзи одлуки. Доволно е да дојдете до знаци врз основа на кои ќе имате квалитетна слика за Вашите сегашни и идни потрошувачи. Ваша задача е постојано да бидете во потрага за знаците кои ги дефинираат Вашите идеални потрошувачи бидејќи тие знаци од време на време се менуваат и не се исти постојано, а вие сакате постојано да ги знаете бидејќи сакате Вашиот бизнис постојано да е на врвот.

Вистинска понуда и Вистинско маркетинг средство

Знаејќи ги добро Вашите сегашни и идни потрошувачи вие како претприемач ќе можете да подготвите вистинска понуда и да ги користите вистинските маркетинг средства токму за тие идеални потрошувачи. Вие ќе знаете што сакате, а ќе знете и тие што сакаат па ќе можете максимално да ја искористите предноста од тоа ваше знаење.

Доколку Вашиот идеален потрошувач не сака јавување по телефон, нема да му се јавувате, туку ќе користите друга маркетинг алатка. Оваа е и најголемата грешка која се прави од страна на бизнисите кај нас. Едноставно се напаѓа, а јас и многу други како мене потенцијални потрошувачи за тој бизнис не сакаме да бидеме нападнати, а уште помалку да се браниме од тој напад. Треба да знаете дека не е лесно да се биде претприемач кој ќе ги усогласува овие работи.

Зошто да трошите пари на нешто што не дава резултати?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*