post

Прашања кои еден претприемач си ги поставува

Прашања за бизнис идеја

Прашања за бизнис идеја

Претприемач е човек кој препознава можност и превзема одреден ризик за таа можност да ја претвори ов одличен бизнис кој ќе обезбеди вредност како за него така и за пазарот – потрошувачите.

За да станеш претприемач кој може да ги препознае бизнис можностите, потребно е да се прашате себеси и да одговорите на повеќе прашања. Користете ги следниве прашања како идеја во процесот:

  • Што најмногу ме нервира кога идам да купувам нешто? Нервоза во секојдневен контакт со различни бизниси предизвикана од недостаток на нешто очекувано од страна на еден индивидуалец може да биде добар извор на бизнис идеја.
  • Кои производи и услуги можат да го подобрат мојот живот? Барање на нешто подобро или нешто што ќе го подобри животот на еден индивидуалец претставува одлична можност за бизнис идеја.
  • Што е она што навистина ми пречи? Сигурно сте се нашле во ситуација кога односот на некој продавач ви пречи, или пак користењето на производот кој сте го набавиле не ви е по волјата.
  • Кои производи и услуги можат да ги елиминираат тие пречки? Забележувајте го се она што ви пречи и размислете за можните производи и/или услуги кои можат да ги елиминираат тие пречки.
  • Која е едната работа која најмногу од сé би сакал да ја имам? Вашите желби и особено желби за кои сеуште не можете да најдете одговор како би ви се исполниле може да претставуваат добар извор на бизнис идеја за вас.
  • Како изгледа таа работа и што таа може да направи? Онаа што сакате да го имате замислете го како би изгледало, што би правело, каков вкус би имало доколку е храна или каков мирис би имало доколку е нешто што може да се мириса, каква боја или пак форма би имало… Сетоа ова се прашања кои можат да ве доведат до квалитетен дизајн на вашиот нов производ и/или услуга.
  • Дали можноста е атрактивна за потрошувачите? Секогаш треба да се запрашате за оваа прашање. Можеби мислите дека имате најкул бизнис идеја, но сепак тоа е ваше лично мислење. Таа треба да биде атрактивна за оние за кои е наменета – вашите потрошувачи.
  • Ќе функционира ли таа можност во мојата бизнис околина? Сепак вашиот бизнис ќе функционира во специфична бизнис околина каде што ќе биде лоциран и до каде што преку различни канали на дистрибуција ќе може да обезбеди присутност. Скопје и Кратово како две бизнис околини не се исти. Затоа мора да проверите дали таа бизнис идеја ќе може да биде функционална онаму каде што ќе опстојува бизнисот.
  • Дали можм да обезбедам производи и услуги по цена која ќе биде атрактивна за потрошувачите и сеуште ќе биде доволно висока за да заработам профит? Оваа е прашање кое навистина бара микс на уметност и знаење. Цената треба да биде прифатлива и во исто време да обезбедува профит за вашиот бизнис.
  • Дали имам ресурси и вештини за да започнам со бизнис, или пак знам  некој кој знае и би можел да започне бизнис со мене? Оваа прашање мора да се разреши пред започнување, инаку подоцна ќе биде доста болно. Секој бизнис бара претприемнички вештини и секако ресурси заради нормално започнување и функционирање на бизнисот во период на почетоците.

Ова се само некои од позначајните прашања на кои ќе треба да дадете одговор и кои ќе ве водат низ процесот на формулација и имплементација на соодветна бизнис идеја. Сепак, се она што мислите дека ќе треба да се одоговори, а не е опфатено тука слободно одговорете го. Колку повеќе одговори имате, толку повеќе ќе го поедноставите процесот на самото започнување.

    About Д-р Драган Шутевски

    Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

    Speak Your Mind

    *