post

Препораки за бизнис модел од Guy Kawasaki

Бизнис моделот е стартната точка на секој бизнис и првата работа која би требало да ја направите по иницијалната бизнис идеја. Тој е еден од најважните бизнис елементи, бидејќи сите останати елементи како бизнис стратегија, бизнис план или акциони чекори ќе се базираат токму на тој твој бизнис модел.

Тој може да биде едноставна слика во вид на дијаграм кој ги поврзува различните бизнис елементи како вредноста, дистрибуцијата на вредноста, комуникациските канали, потрошувачите, конкурентите стејкхолдерите…

Но исто така може да биде и во вид на парче хартија со неколку зборови или реченици кои наративно ги опишуваат истите конекции од погоре.

Имам забележано дека многу бизниси страдаат токму поради тој недостаток на јасно дефиниран бизнис модел, бидејќи без него, не еден претприемач не може да изготви соодветна стратегија или бизнис план кој би ја поддржал таа стратегија.

Во видеото подолу е Guy Kawasaki кој објаснува три препораки за бизнис моделот:

  • Биди специфичен!
  • Нека биде едноставен!
  • Прашај жена!

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*