post

Претприемач: Претходна недела од 9-ти август и идна од 16-ти август 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Неделата која што помина на претприемач имаше различни теми од различни подрачја на претприемничкото работење. Околу 200 артикли од оној постар дел – артикли на претприемач ќе бидат избришани (кои се наоѓаат на Joomla) па затоа во наредниот период дел од тие ќе бидат реобјавени (еден до два неделно) со што истите ќе бидат освежени, подобрени и прилагодени на денешното време).

Инаку во минатите 30 дена најчитан пост на претприемач е 77 Бизнис Подобрувања за 77 Дена кој пак на англиската верзија на овој сајт во првите 5 часа имаше над 1000 посети.

Следува сублимирање на претходната недела и распоредот за идната недела.

Понеделник, 09.08.2010 – Разлика помеѓу бесплатен и платежен хостинг

Ова е интересен пост кој влегува во некои основни разлики кои постојато помеѓу бесплатен хостинг и оној за кој плаќате пари. Пред да донесете конечна одлука за Вашиот избор добро би било да го прочитате овој напис. Дадени се некои слабости на бесплатниот хостинг и некои предности на платежниот хостинг.

Понеделник, 09.08.2010 – Интересни неделни информации – 02.08.2010 – 08.08.2010

Во информации (вести) од претходната недела актуелни беа вестите за автомобили – увозот, решение за зелен картон и регистрација на 2 години за новите автомобили. Интересни информации се дека ТАВ ќе се обиде да го спречи монополот на Макпетрол за доставување на керозин на аеродромите и зошто проблемите во Западен балкан ги бркаат инвеститорите.

Вторник, 10.08.2010 – Вирозен маркетинг – Маркетинг средство 65

Вирозен маркетинг како термин е добиен од вирозна појава. Вирозна појава претставува способност на еден објект да се размножува или да ги трансформира другите објекти да бидат исти како него кога ќе бидат изложени на тој вирозен објект. Ова е еден подолг пост кој навлегува во темелите на вирозен маркетинг како 65-то маркетинг средство на претприемач.

Среда, 11.08.2010 – Работно време – 8, 10 или 12 часа

Дали работите 12 часа дневно? Секој сопственик на мал бизнис работи прекумерно. Тоа е нормално и аналогно на мајка со новороденче. Стартап бизнис за еденпретприемач претставува негово новороденче кое постојано бара одреден вид на нега. Во постот се дадени неколку можности за тоа како да ја избегнете спиралата на премногу работење за Вашиот бизнис.

Четврток, 12.08.2010 – Организациски промени – Значајност и дефинирање

Секој ден е различен од претходниот. Секој бизнис ден е различен од претходниот. Ние не сме исти во однос на вчера. Машините, компјутерите и опремата се постари за еден ден во однос на вчера. Купувачите се постари за еден ден во однос на вчера. Купувачите се поумни за искуство од еден ден за разлика од вчера. Прочитајте за дефинирање на организациските промени и зошто се значајни за еден бизнис.

Петок, 13.08.2010 – Развој на производ и/или услуга – Фаза 1

Секој производ и/или услуга започнува со развојот. Развојот претставува завршување на сонување, завршување на претприемничка имагинација за нешто што не сеуште не постои а ќе го измени животот на целниот пазар и секако фаза пред официјално лансирање на тој производ и/или услуга на пазарот. Прочитајте за 7 чекори во оваа фаза на животните циклуси на производите.

Идна недела на претприемач:

  • Како да го користам знаењето како реквизит во текот на продажба?
  • Клучни зборови – Маркетинг средство 66
  • Успешна маркетинг кампања во 10 чекори
  • Прашалник за SWOT анализа
  • Воведување на нов производ и/или услуга – Фаза 2
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*