post

Претпоставки на кои НЕ треба да се потпрете

Многу активности што како еден претприемач ќе ги преземете се базираат на претпоставки. Затоа и насоките во кои ќе се движи бизнисот се базираат на претпоставки.

Понекогаш и немаме доволно информации за да донесеме одлука, па затоа мора да се водиме од претпоставките. Но, некои претпоставки може да бидат навистина опасни за претприемачот и за бизнисот воопшто.

Некои одлуки не смеат да бидат базирани на непотврдени претпоставки, особено во фазата на започнување на бизнисот. Кои се тие претпоставки?

Одговорот е едноставен, тоа се два вида на претпоставки на кои се базираат повеќето бизниси:

  • Претпоставка за тоа што купувачите сакаат и
  • Претпоставка за тоа кои карактеристики треба да ги содржи вашиот производ.

1. Претпоставки за тоа што купувачите сакаат

Успешноста на бизнисот ќе зависи од тоа дали понудата на бизнисот е целосно во согласност со она што купувачите го сакаат.

Тука нема претпоставки, едноставно купувачите нешто сакаат или не сакаат. Вашата задача како претприемач е да го откриете она што тие го сакаат и да го имплементирате како основа во вашиот бизнис.

Постојано анализирате, тестирате, се обидувате да го прилагодите вашиот бизнис модел во однос на купувачите врз основа на издржани информации.

2. Претпоставка за карактеристиките кои треба да ги содржи вашиот производ/услуга

Како и со она што купувачите го сакаат, така и самиот производ или услуга ќе бидат дизајнирани врз основа на нивните потреби. Вие не го правите вашиот производ заради вас, туку заради вашите купувачи. Колку повеќе карактеристиките на производот или услугата ќе бидат во согласност со потребите на купувачите, толку поголема ќе биде веројатноста дека бизнисот ќе успее.

Тука не постојат можности за импровизација која ќе ја базирате на непотврдени претпоставки. Мора да обезбедите квалитетни информации за да ги донесете вистинските одлуки за идниот развој на производот или услугата.

Обидете се претпоставките да бидат само појдовна основа за добивање на потврдени информации, а не основа за градење на вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*