post

Дилема на еден претприемач: Обука за вработени

Data model diagram picture of an EMPLOYEE data...
Image via Wikipedia

Навистина, ова претставува вистинска дилема за секој претприемач или пак менаџер. Логично и нормално е да се инвестира во вработени кои би требало да го развиваат бизнисот преку нивните секојдневни активности. Но, дилемата се појавува поради фактот што постои „опасност“ тие вработени утре да си заминат.

Некои ова го решаваат со договори. Ова се користи од страна на поголемите компании или организациски системи. Но, мислам дека проблемот не го решаваат на таков начин. Не го решаваат бидејќи таквите договори едноставно претставуваат еден вид на притисок за останување во одреден временски период. А, од друга страна не познавам човек кој сака да работи под притисок. Тоа е лоша менаџерска тактика.

Интересен цитат

Сакам да презентирам интересен цитат од книгата The Speed of Trust – The One Thing That Changes Everything (Брзина на довербата – една работа која менува се) од Stephen M.R. Covey & Rebecaa R. Merrill.

Никогаш нема да ги заборавам зборовите кои ги има кажано еден извршен директор за ризикот во инвестирање во иницијативи на фокусирана обука во неговата компанија. Некој го прашал: „Што ќе се случи доколку ги обучите сите, и еден ден сите си заминат од Вашата компанија?“ Тој одговорил: „Што ќе се случи доколку ние не ги обучиме, а сепак сите тие останат во нашата команија?“

Инвестирање во обуки и во знаење преку тие обуки навистина претставува еден голем предизвик за секој претприемач како за самиот себеси така и за неговите вработени. Знаењето се повеќе доаѓа до израз во денешно време кога количината на информациите е се поголема и секако се подостапна. Денес многу едноставно ќе дојдете до информација за која пред неколку години беше незамисливо.

Па, што ни стои на располагање?

Едноставно, одговорот е ништо. Мора да се прилагодите на новите времиња и да бидете свесни дека инвестиција во знаење е нешто што само ќе го подобри Вашиот бизнис. А, зошто си одат? Тоа веќе барајте го како слабост во Ваш интерен бизнис систем или пак бизнис модел. Најверојатно грешката е таму.

Никој нема да си оди само заради тоа што сте му овозможиле квалитетни обуки.

Во 10 начини да ги задржите најдобрите вработени опфатив неколку причини зошто си одат:

Една од најголемите причини е што тие не воспоставуваат добра бизнис и приватна релација со бизнисот, претприемачот или пак менаџерот.

Друга причина е што тие не се задоволни со платата која што ја добиваат за работата која ја сработуваат.

Како причина може да биде и самата работна околина во која што работат и која што не ја поднесуваат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*