post

Претприемач: Претходна недела од 23-ти август и идна недела од 30-ти август 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Да направиме рекапитулар на неделата што измина и секако планот на постови за следната недела. Оваа недела што помина имаше 5 постови и ги најавивме новите 10 видео материјали за тоа како до веб презентација. Во моментов кога го пишувам ова (понеделник, 23.08.2010) сеуште не знам дали ќе стигнам сите видео материјали да ги поставам на сервер бидејќи тргнувам на одмор, но доколку завршам ќе има најавен пост.

Следува сублимирање на претходната недела и распоредот за идната недела.

Понеделник, 23.08.2010 – Организациска лојалност и посветеност

Ова е гостински пост на претриемач во кој Александар Делев, Ba in Marketing, University of Sheffield, UK дава едно теоретско истражување на темата за мотивирање и посветеноста кон организацијата.

Вторник, 24.08.2010 – Размена на линкови – маркетинг средство 67

Размена на линкови претставува 67-мо маркетинг средство на претприемач. Во серијалот за оптимизација за пребарувачи веќе пишувавме на оваа тема, но сепак со овој пост како дел од серијалот маркетинг средства ќе дообјаснам некои елементи.

Среда, 25.08.2010 – Непознавање на маркетинг на еден претприемач или менаџер

Пазарот е многу променлива категорија. Денес се бара нешто, утре нешто друго… Примеров е вистинска случка и се однесува на тоа како еден менаџервоопшто не троши време за маркетингот на бизнисот кој го води или барем мојот прв впечаток беше таков. Или не троши време за проучување на маркетингот и анализа на пазарот или нема соодветно познавање, а се нашол во улога да управува бизнис.

Четврток, 26.08.2010 – Баланс помеѓу работата и приватниот живот

Едно од најгорливите прашања за секој претприемач е како да го балансира работното и приватното време за себе и своето семејство. Секој бизнис бара повеќе работа се додека не стане независен во одреден степен од претприемачот. Балансот помеѓу работата и приватниот живот е нешто во што страдаат премногу претприемачи. Премногу време еден претприемач троши на планирање, генерирање на идеи, маркетинг, продажба, истражување и развој, финансии… Но, каде е тука еден претприемач? Која е неговата компензација за овие напори?

Петок, 29.08.2010 – Фаза раст од животниот циклус на производите

Откако завршивме со развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба стигнавме до фаза која претставува знак дека производот успешно го проживува своето детство и дека успешно се завршени претходните две фази. Ова значи дека кога производот ќе ја преживее фазата на виведување окарактеризирана со спор прогрес ќе навлезе во еден период на голем раст.

Идна недела на претприемач

  • Како да се преживее во слаба економија и конкурентен пазар?
  • Размена на банери – Маркетинг средство 68
  • Зголемување на креативност преку 6 совети
  • Купувачот е поумен од продавачот
  • Фаза зрелост – Животни циклуси на производи
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*