post

Претприемач: Претходна недела од 6-ти септември и идна недела од 13-ти септември 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Заврши аутопостинг модот на претприемач кој беше изминатите 2 недели. Овие постови за рекапитулар од минатата недела и план на постови за идната недела го правам првенствено за да останам организиран за насловите (кога јавно ги ветам, морам да ги исполнам) и секако еден збирен преглед за сето она што беше актуелно на претприемач во изминатата недела.

Да започнеме…

Идна недела на претприемач

  • Презентации од 10 видео материјали за тоа како до веб презентација за Вашиот бизнис
  • Размена на сообраќај – маркетинг средство 70
  • Зошто некој претприемач успева, а некој не?
  • Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата?
  • Фаза стагнација од животниот циклус на производите

Следува сублимирање на претходната недела и распоредот за идната недела.

Понеделник, 06.09.2010 – 10 Извори на информации за успешна анализа на пазарот

Овој пост претставува освежување на еден постар пост на артикли на претприемач. Во него се претставени 10 идеи за користење на извори на информации за да спроведете успешна анализа на пазарот.

Понеделник, 06.09.2010 – Интересни вести 30.08 – 05.09.2010

Минатонеделниот избор на интересни вести падна на новата услуга за даночните обврзници – Електронски увид во даночна картица, проблеми со полнење на буџетската каса и издавање на домашни обврзници, железничка алијанса, барање на поевтин зелен картон, повеќе боледувања во 2009 година во однос на 2008 и претставување на Google Chrome.

Вторник, 08.09.2010 – Преглед на книгата Making Ideas Happen

Ова книга претставуваше моето прво искуство со една сосема поинаква технологија за читање на електронски формат на книга. Книгата е одлична и ја препорачувам на секој сегашен или пак иден претприемач, секој менаџер и секој кој едноставно се чувствува дека е полн со различни идеи кои едноставно не доживуваат да станат реалност.

Среда, 09.09.2010 – Постави ниски но остварливи, наместо високи неостварливи цели

Остварувањето на нашите цели во голем дел зависи од тоа дали тие цели се реални или не се. Но, на целите влијаат повеќе фактори и елементи. Во овој пост накратко се презентирани неколку.

Четврток, 10.09.2010 – Оптимизација за потрошувачи

Ова е еден термин кој едноставно ми се наметна гледајќи различни потрошувачи во еден бизнис со различни потреби кои бараат различни понуди. Во постот се дадени некои идеи како да се борите со овој феномен и како да успеете да задоволите повеќе различни потрошувачи со различни потреби. Ова го нареков како оптимизација за потрошувачи.

Петок, 11.09.2010 – Аутореспондер – Маркетинг средство 69

Овој пост е 69-тото маркетинг средство на претприемач во кое е дадено размислување за користење на аутореспондерите. Оваа маркетинг средство е пожелно за секој бизнис кој има сопствена онлајн презентација преку веб сајт или пак блог. Аутореспондерот е тој кој ќе се грижи за e-mail маркетингот и за комуникација и испраќање на навремена информација на потенцијалните купувачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*