post

Претприемач: Претходна недела од 13 септември и идна недела од 10 септември 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Да направиме едно потестување за тоа што беше на претприемач минатата недела и кој е распоредот за идната недела. Подготвувам некоку измени на веб сајтот кои ќе бидат активирани во иднина кога ќе ги завршам. Најголемите измени се во делот на билтените кои ќе бидат поорганизирани по теми и кои на некој начин една работна верзија ја претставив во постот за аутореспондер како маркетинг средство.

Работна верзија на новиот дизајн на билтени на претриемач

Но, се во свое време (да го имавме повеќе). Да започнам со она што ќе биде:

Идна недела на претприемач

  • Ценовна стратегија – Случај на Apple
  • CPC – Маркетинг средство 72
  • Ризичен капитал
  • Бизнис прилагодување со технологијата
  • Фаза опаѓање од животни циклуси на производи

А, сега следува сублимирање од претходнта недела:

Понеделник, 13.09.2010 – Нов серијал на видео материјали на претприемач

Во овој пост се прикажани презентациите од новиот серијал на видео материјали на претприемач.

Понеделник, 13.09.2010 – Интересни неделни информации 06.09-12.09.2010

Како интересни неделни информации ги издвоивме следниве: намалување на резерви на нафта, поголеми дневници за работа на празник, Facebook како алатка за крадците, банки и мафијата и инвестирање во новорастечки економии.

Вторник, 14.09.2010 – Размена на сообраќај – Маркетинг средство 70

Ова е 70-тото маркетинг средство на претприемач. Се размислував дали да биде оваа маркетинг средство дел од овој серијал од 100 маркетинг средства, особено поради тоа што го тестирав едно 6 месеци пред извесен период. Во секој случај добро е да се има во предвид.

Среда, 15.09.2010 – Зошто некој успева а некој не успева?

За започнување на бизнис доволна е бизнис идеја и пасија за тој бизнис. Но, за да се одржи и да се израсне потребни се многу дополнителни елементи кои треба еден претприемач да ги поседува. Во овој пост се претставени неколку мои размислувања зошто некој успева, а некој едноставно не успева.

Четврток, 16.09.2010 – Како да бидете еден чекор пред конкуренцијата?

Да се биде пред конкуренцијата бара комбинација на знаење за најважните бизнис елементи како конкуренцијата, потрошувачи, и производи и/или услуги кое ќе обезбеди вашиот бизнис секогаш да биде пред конкуренцијата. По собирање на доволно знаење на овие три елементи, вашата задача како претприемач е да ги подобрите сите овие бизнис процеси согласно тоа знаење.

Петок, 17.09.2010 – Фаза стагнација од животниот циклус на производите

Фазата стагнација од животниот циклус на производи всушност претставува продолжување на претходната фаза – фаза зрелост. Тоа значи дека раст веќе нема да има, продажбата ќе биде на едно константно, но сеуште највисоко ниво бидејќи сеуште не е започнато опаѓање…

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*