post

Претприемачки мајндсет – во 2014 фокусирајте се на еден приоритет

Продолжуваме со осмиот наслов од серијалот за промена на вашиот претприемачки мајндсет кај вас како еден претприемач во кој првенствено ќе стане збор за фокусот на еден но вреден приоритет за вас и вашиот бизнис.

претприемачки мајндсет

Приоритети има многу и секогаш ќе ги има. Тоа е факт. Но, дали секој приоритет има иста приоритетна вредност? Дали секој приоритет по секоја цена е најприоритетно нешто. Дали секој приоритет во исто време мора и може да се реализира?

Тоа се навистина тешки прашања за кои може да се дискутира навистина многу. Не би сакал да навлегувам во подетална дискусија во овој наслов, но сепак мора да потенцирам дека достигнување успехот бара време, а тој се постигнува секвенцијално што значи една работа во специфична единица на време.

Можете вие да сакате да ги реализирате сите цели одеднаш и да очекувате дека милионите ќе пристигнат, но сепак дали е тоа реално и дали имате капацитет за такво нешто и вие и вашиот бизнис. Не смеете да ги заборавите и останатите елементи на вашиот бизнис, бидејќи и да имате капацитет вие како еден претприемач, сепак на вашиот грб нема да можете да ја изнесете тежината која бара да се изнесе за да се постигне успехот.

Веќе зборував во краткото, помалу од осум минути видео насловено како „Kaizen промени за постигнување на крупни цели” дека најголемата причина за непостигнување на онаа што сакате да го постигнете кога имате големи очекувања, односно големи цели е обид да се постават нереални активности во навистина нереален број и да се направи нереален план без разлика на вашиот личен и бизнис капацитет и потенцијал.

Зошто е тоа така?

  • Значајноста е секогаш различна за различни работи. Не можеме да очекуваме дека значајноста се распределува рамномерно на сите проекти, сите задачи и сите активности. Секогаш нешто е позначајно од онаа другото и секогаш можеме да приоритизираме за да целиот фокус, односно севкупната бизнис потенцијална енергија ја ставиме во функција на најприоритетното.
  • Ресурсите се секогаш ограничени. Време, пари, луѓе и сите други ресурси секогаш ќе бидат ограничени. Никогаш нема да бидете задоволен со онаа што го поседувате, но и реално никогаш нема да можете сите да ги искористите за постигнување на се онаа што може да се врти во вашата глава како еден претприемач.
  • Големо е добро само доколку е единствено. Постигнување на големите нешта е супер, но може да се постигнат само доколку целата посветеност е на тоа постигнување. Сега, неколку големи нешта веќе значи потреба за поинаква прераспределба на ресурсите и нормално намалување на нивната потенцијална енергија на повеќе активности што доведува до послаб конечен резултат воопшто на целиот бизнис.

Затоа, за оваа година додека сеуште имате време изберете еден нај нај нај важен приоритет кој сакате да го завршите и кој има потенцијалн најмногу да ве доближи до зацртаните долгорочни цели.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*