post

Претприемачки мајндсет – во 2014 фокусирајте се на вашата вистинска незаменливост

Ќе продолжам со седмиот наслов од серијалот за промена на вашиот претприемачки мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за за прашањето за вашата вистинска незаменливост.

претприемачки мајндсет

Дали навистина сте незаменлив? Каков одговор ќе дадете на оваа прашање?

Прашањето е навистина тешко за навистина објективен одговор од страна на еден претприемач, но од друга страна е доволно важно затоа што ќе има влијание на иднината како на вашиот личен живот, така и на вашиот бизнис воопшто.

Јасно е дека секој бизнис е резултат на бизнис потенцијалната енергија на еден претприемач, но и јасно е дека како се поминуваат фазите од животниот циклус на компанијата се менува и фамозната незаменливост на еден претприемач. Во секој случај, иако во почетните фази незаменливоста е факт, сепак во следните фази веќе станува јасно дека има се помала улога во обезбедување на успехот на бизнисот. Не, не значи дека сте аут, но значи дека треба да се намали таа ваша незаменливост, да се надополни со енергија потребна за соодветната фаза и да се фокусирате токму на тоа што ќе треба да го правите како еден претприемач.

Незаменлнивоста значи дека едно лице знае нешто, има вештини за нешто и во тоа нешто е најдобар во однос на сите други. Сега кога станува збор за претприемачката улога, има и други претприемачи не сте само вие. Кога станува збор за менаџерската улога има и други менаџери не сте само вие. Но, начинот на кој ја практицирате и менаџерската и претприемачката улога ќе биде онаа што вас ќе ве прави незаменлив во однос на сите други останати во вашата компанија, но и во однос на конкуренцијата.

Значи вие не сте незаемнлив затоа што сте сопственик на вашиот бизнис, затоа што сте го започнале и развиле бизнисот до овој степен, затоа што имате соодветни технички вештини за да ја произведете вредноста која се испорачува на купувачите…

Вие сте незаменлив затоа што:

  1. Прво знаете каде вашиот бизнис треба да оди во иднина и вие сте единствениот кој добро ја гледа таа доста матна иднина.
  2. Знаете што треба да направите за да вашиот бизнис се најде онаму каде што го гледате во таа матна иднина.
  3. Вложувате во вашите претприемачки и менаџерски вештини затоа што сте свесни дека вашата бизнис потенцијална енергија складирана во вас се губи со текот на времето и особено при премин на вашата компанија од една во друга фаза од животниот циклус.
  4. Сте свесни дека вашата бизнис се потпира на тим од квалитетни луѓе и само вие можете да го создадете најоптималниот микс на тие вештини и знаења потребни за вашиот бизнис.
  5. Сте свесни дека системите кои досега ги градевте и ги редизајниравте и ќе ги редизајнирате во иднина го подготвуваат вашиот бизнис за таа иднина.

Затоа фокусирајте се на вашата незаменливост изразена преку овие 5 точки кои што ги опишав. Тука лежи вашата незаменливост, а не во вашето знаење да направите производ или услуга.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*