post

Претприемачки мајндсет – во 2014 вашиот фокус нека биде купувачот

Да продолжиме со четвртиот наслов од серијалот за промена на претприемачкиот мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за купувачот, бидејќи иако многу пишував за оваа на претприемач сепак сеуште не забележувам голем напредок кај повеќето наши бизниси.

претприемачки мајндсет

Си го поставувам прашањето зошто, што е проблем да главниот фокус биде на купувачот?

Првин мислам дека постојат повеќе одговори на оваа прашање бидејќи едноставно не е лесно да се вклучи било кој надворешен ентитет во нормално функционирање на бизнисот. Еве некои мои размислувања зошто се случува тоа што се случува, односно изоставување на купувачот од секојдневното нормално функционирање на бизнисот:

  • Првин синдромот јас знам најдобро преовладува кај повеќето претприемачи иако подоцна се докажува сосема спротивното.
  • Потоа една причина е и тоа што со вклучување на купувачите еден претприемач излегува од сопствениот комфорт што значи дека ќе се бара редизајн на производи и услуги, но и редизајн на процеси, што сепак не е мала работа.
  • Претприемачот едноставно бега од искреноста и вистината бидејќи вистината е најболна и свесно го занемарува фактот дека нешто мора да се промени.

Како еден бизнис, можеме да ги имаме најдобрите производи, да ги имаме дизајнирано најдобрите процеси, но сепак да не успееме. Зошто? Затоа што немаме купувачи. Некако се чини дека постојаната трка со конкуренција, фокусот на производите и процесите како да ги заборава единствените газди, односно најглавните директори, односно оние најглавните за еден бизнис. Да, купувачите претставуваат најкорисна личност за секој бизнис и време е да ги третирате како такви.

Ајде да се вратиме на претходните три совети за промена на вашиот претприемачки мајндсет и да го вклучиме и купувачот како ваш основен фокус за 2014 година:

  • Проактивност наместо реактивност. Може ли да имате подобар начин за обезбедување на проактивност без купувачи. Сигурно не. Најдобри идеи за преземање на иницијативност (проактивност) ќе дојдат од купувачите. Тие се искрени и нема да ви даваат лажна надеж. Најдобар начин за победа на конкуренцијата е да ги слушате купувачите.
  • Зголемување на креативност. Како што веќе знаете креативноста се идеите односно можноста за генерирање на идеи за подобрување. Но, за кого ви е потребно тоа подобрување. Да, за вашиот бизнис, но крајниот излезен резултат од вашиот бизнис е купувачот и тоа е факт. Затоа вклучување на идеите на купувачите е важен фактор за обезбедување на вашиот успех.
  • Зголемување на иновативноста. Без разлика дали станува збор за иновации во однос на производи или услуги кои директно ќе се користат од страна на вашите купувачи или пак иновација во процесите кои помагаат да се реализираат и да стигнат во рацете на купувачите тие производи или услуги, купувачите може да одиграат голема улога во иновативните процеси на вашиот бизнис, дури и од нив да започне самиот процес.

Затоа, размислете добро уште денес и вклучете ги купувачите во вашиот главен фокус за оваа година.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*