Можеме ли да го направиме претприемничкиот живот да биде полесен и подобар? Веројатно да, но тоа зависи од нас и нашиот сопствен начин на размислување.
Во изминатиот период многу зборувавме за живото на еден претприемач, за ризик, баланс помеѓу работата и приватниот живот и многу други секојдневни предизвици со кои се соочува еден претприемач.
Постојат повеќе принципи кои може да ти помогнат за менаџирање на бизнис и не бизнис живот за да се постигнат оптимални работни часови кои ќе ти овозможат тебе и на твоето семејство да имате прекрасен живот надвор од бизнисот.
Тука се некои навистина инспиративни TED Talks кои можат твојот претприемнички живот да го направат навистина подобар.
1. Nigel Marsh: Како балансот помеѓу работата и приватниот живот да профункционира
Ова е еден од моите предлог говори на тема претприемништво: Камерон Херолд: Ајде да ги одгледуваме децата да бидат претприемачи
http://www.ted.com/talks/lang/mac/cameron_herold_let_s_r...
Да, сум го гледал тој говор и мислам дека некаде го препорачував. Во секој случај нешто многу важно за развој на една нација, што многу фали кај нас.