post

Претприемништво – Инфографик на претприемач

Во изминатата една и пол година имам опфатено над 400 постови на претприемач кои едноставно се расфрлани на сите страни. Затоа се обидов во еден инфографик да внесам графичка презентација на информации опфатени во едно 20-тина написи.

Повеќето се од спроведени анкети на претприемач при што се добија квалитетни информации кои што едноставно сакам да ги поедноставам преку овој инфографик.

Инфографикот е поделен на 4 дела:

  • Бизнис идеја како основа за постоење на претприемништвото
  • Најголеми причини за пропаѓање на бизнисите
  • Карактеристики на еден успешен претприемач
  • Во какви услови стопанисуваат претприемачите во Република Македонија.

Претприемништво - Инфографик

Претприемништво - Инфографик

Овој инфографик за претприемништво можете да го симнете преку Претприемништво-Инфографик.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ванчо says:

    А колку од 10 бизниси пропаѓаат поради лоша, нестручна и сосема криминална економска политика на Владата?

    Каква „вештина за готовински тек“ е потребна, кога државата должи стотини милиони евра на компаниите — ефект кој предизвикува „бранови“ низ целата структура на стопанството?

    Што ми вреди перфектен бизнис план, кога нашите банки се полоши од лихвари?

    За да биде графикот потполн, мора да ги има и овие фактори. Не се секогаш стопанствениците виновни за сѐ.

    • Драган Шутевски says:

      Здраво Ванчо,

      Сосема си во право дека околината (а околината во голем дел е регулирана од една држава во која стопанисува еден мал бизнис) има големо влијание врз еден бизнис. По спроведената анализа на услови за стопанисување пред извесен период со помош на читатели на претприемач, претприемачи и потенцијални претприемачи идентификувавме скор 40 подрачја на потреба за подобрувања и тоа започнувајќи веднаш. Но, добро изгледа дека оние кои се платени да ги подобруваат тие услови не се заинтересирани во моментов за тоа.
      Но, свесни сме дека постои и друга страна, страна на која еден претприемач може да влијае. За да влијае на државата има можност секои 4 години, а во самиот бизнис секојдневно, па затоа и ваков инфографик. Да тргнеме од безидејноста, колку луѓе има што наместо да вложат во бизнис внесуваат 30-50 илјади евра во банки и земаат 200-500 евра месечна камата. Зошто бизнис, да мисли за вработени, за готовински тек, за финансии за иновација, истражување и развој, маркетинг, продажба економска криза…. Седат двајца печалбари и разговараат меѓу себе. Едниот вели „еден колега вложи 20000 евра и започна со малопродажба по 6 месеци затвори изгуби голем дел од парите. Друг колега отвори ресторан и не му тргна изгуби 20000 евра. Јас не отворив ништо ги ставив во банка и земам 400 евра месечна камата а парите ми се тука“. Сигурно дека оваа економска логика е спротивна на она што треба да биде, но од друга страна дали бизнис идеата е добра кога има 100-тици бутици за малопродажба или 100 ресторани кои конкурираат на еден пазар? Дали неговата идеја има уникатност во себе? Дали неговата идеја ќе реши некој уникатен проблем?
      Мислам дека иако големо влијание можеби 90% има околината која е регулирана од страна на државата сепак не се за потценување и оние 10% накои можеме да имаме влијание, барем во ваквите тешки времиња. А, на секои 4 години ќе заокружуваме на ливче и ќе се обидеме да влијаеме и на оние кои ќе одлучуваат за нас.

  2. Се сложувам со тебе, Драган, дека за да се има успешен бизнис, пред сѐ мора да се биде добар, посветен и решителен претприемач. Да се биде креативен, квалитетен, стручен, вреден и чесен. (Впрочем, јас повеќе од 22 години го „вежбам“ ова. :))

    Одлично истражување сте направиле, некако сум успеал да го пропуштам. Но, само неодамна го „открив“ pretpriemac.com, па може да ми се прости. 🙂

  3. Анонимен says:

    Инфографикот е одлична идеја! Охрабрување за евентуалните идни вакви објави на Претприемач.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Благодарам за охрабрувањето Гого ќе се обидам во зависнот времето почесто да одиме сликовит приказ!

Trackbacks

  1. […] Претприемништво – Инфографик на претприемач. Погледнете еден инфографик за претприемништвото. […]

Speak Your Mind

*