post

Приоритизација на вашите задачи

Приоритизација е важен процес за секој претприемач. Мора да се знае што е поприотитетно во однос на останатото и тоа да биде првата задача која мора да се заврши во соодветниот работен ден.

За соодветна приоритизација потребно е да се инсталира и соодветен процес од страна на претприемачот. Процесот има за цел да обезбеди дека претприемачот ќе го применува и секако ќе работи согласно аутпутот од истиот.

Да разгледаме еден таков процес.

  1. Определете еден ден во неделата кога ќе бреинстормирате задачи кои треба да ги реализирате во вашиот бизнис за следната недела. Мора да имате време за спроведување на процесот. Најдобро е еден ден во неделата да го одвоите за планирање на задачите кои ќе треба да ги завршите следната недела.
  2. Дефинирајте ги сите луѓе од вашиот тим кои можат да работат на некои од задачите. Во вашиот бизнис не сте само вие и не можете да очекувате дека сиот товар ќе го понесете само вие. Започнете со дефинирање на луѓе кои може да бидат дел од бреинстормираните задачи од претходниот чекор.
  3. За секоја задача определете рокови. Разгледајте ги задачите и за скоја од нив определете рок до кога ќе треба да се заврши.
  4. Од листата со задачите од првата точка одделете ги оние кои можете да ги делегирате. Определете кои се задачи можете и треба да ги делегирате.
  5. Делегирајте ги задачите за делегирање. сега веќе можете и формално да го спроведете делегирањето.
  6. Поделете ги задачите кои остануваат за вас согласно роковите – за секој ден задачи кои се за тој ден. Понатаму, поминете на задачите кои остануваат за вас. Едноставно распределете ги за деновите во неделата. Секоја задача да си има определено ден.
  7. Приоритизирајте ги задачите во однос на деновите кога треба да ги завршите. Поминете секој ден, и направете приоритет на задачите, така да наприоритетните ќе ви бидат први на листата за тој ден.
  8. Секој ден од следната недела започнете го со најприоритетните задачи. Кога ќе ја имплементирате вашата “да направам” листа секогаш започнувајте од најприоритетната задача за соодветниот ден во кој се наоѓате.
  9. Определете време да ги проверите и задачите што сте ги делегирале. Но, не се само вашите задачи. Вие имате и делегирано и сте должни да го следите завршувањето на тие делегирани задачи. Затоа, определете еден ден, кога ќе проверите дали се што сте делегирале е завршено и дали има некои проблеми каде би можеле да реагирате.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*