
Бизнис план - Алатка за планирање
Во изминатиот период ги објавив најновите верзии од процесот за бизнис планирање преку изработка на еден квалитетен бизнис план. Ова е втора верзија која по една година истрпе голем број на измени. Во моментов овие туторијали се пакуваат во една е-книга во која ќе бидат дополнети со To-Do листи и еден вид на темплејти кои ќе ви помогнат во процесот на бизнис планирање. Освен самите наслови и поднаслови оваа книга ќе биде дополнета и со повеќе елементи кои го тангираат успешното бизнис планирање кое претставува основа за поставување на нозе на еден успешен бизнис.
Тука би сакал само да ги наведам сите елементи кои досега ги поминавме како би се олеснило пребарување на веб страната. Ова е поради фактот што овој серијал не одеше секојдневно туку распоредот беше по случајна селекција.
- Бизнис План – Насловна Страна
- Бизнис План – Содржина и Резиме
- Бизнис План – Општо за Компанијата
- Бизнис План – Производи и/или Услуги
- Бизнис План – Анализа на пазарот и индустријата
- Бизнис План – SWOT Анализа
- Бизнис План – Онлајн Стратегија
- Бизнис План – Маркетинг Стратегија и Имплементација
- Бизнис План – Продажна Стратегија и Имплементација
- Бизнис План – Менаџмент
- Бизнис План – Финансии
- Бизнис План – Анекси
Ова се 12 елементи на еден бизнис план, кои се обидов да ги претставам како еден процес на планирање. Подетално за целиот процес на бизнис планирање како што наведов на почетокот на овој пост ќе биде објавена е-книга за која ќе бидете известени (се надевам за едно 10-тина дена).
Во секој случај, ова е само еден процес, кој најмногу зависи од Вас – претприемачи. Тука е Вашата креативност во прв план. Формата и обликот на документот воопшто не е важна, важно е она што ќе произлезе од процесот – јасна патека за остварување на поставените бизнис цели.
И уште нешто би напоменал. Ова е процес, не е нешто што започнува и завршува. Кога ќе заврши овој процес опишан во горенаведените наслови веднаш започнува имплементација, следење, мерење и подобрување. А, по завршување на временскиот период за кој се однесува бизнис планот започнува повторно истиот процес.
[…] Впрочем, во последниот серијал на туторијали за бизнис планирање и изработка на бизнис план се обидов да дадам еден […]