post

Процес на бизнис планирање

Процес на бизнис планирање

Бизнис план - Алатка за планирање

Во изминатиот период ги објавив најновите верзии од процесот за бизнис планирање преку изработка на еден квалитетен бизнис план. Ова е втора верзија која по една година истрпе голем број на измени. Во моментов овие туторијали се пакуваат во една е-книга во која ќе бидат дополнети со To-Do листи и еден вид на темплејти кои ќе ви помогнат во процесот на бизнис планирање. Освен самите наслови и поднаслови оваа книга ќе биде дополнета и со повеќе елементи кои го тангираат успешното бизнис планирање кое претставува основа за поставување на нозе на еден успешен бизнис.

Тука би сакал само да ги наведам сите елементи кои досега ги поминавме како би се олеснило пребарување на веб страната. Ова е поради фактот што овој серијал не одеше секојдневно туку распоредот беше по случајна селекција.

  1. Бизнис План – Насловна Страна
  2. Бизнис План – Содржина и Резиме
  3. Бизнис План – Општо за Компанијата
  4. Бизнис План – Производи и/или Услуги
  5. Бизнис План – Анализа на пазарот и индустријата
  6. Бизнис План – SWOT Анализа
  7. Бизнис План – Онлајн Стратегија
  8. Бизнис План – Маркетинг Стратегија и Имплементација
  9. Бизнис План – Продажна Стратегија и Имплементација
  10. Бизнис План – Менаџмент
  11. Бизнис План – Финансии
  12. Бизнис План – Анекси

Ова се 12 елементи на еден бизнис план, кои се обидов да ги претставам како еден процес на планирање. Подетално за целиот процес на бизнис планирање како што наведов на почетокот на овој пост ќе биде објавена е-книга за која ќе бидете известени (се надевам за едно 10-тина дена).

Во секој случај, ова е само еден процес, кој најмногу зависи од Вас – претприемачи. Тука е Вашата креативност во прв план. Формата и обликот на документот воопшто не е важна, важно е она што ќе произлезе од процесот – јасна патека за остварување на поставените бизнис цели.

И уште нешто би напоменал. Ова е процес, не е нешто што започнува и завршува. Кога ќе заврши овој процес опишан во горенаведените наслови веднаш започнува имплементација, следење, мерење и подобрување. А, по завршување на временскиот период за кој се однесува бизнис планот започнува повторно истиот процес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Впрочем, во последниот серијал на туторијали за бизнис планирање и изработка на бизнис план се обидов да дадам еден […]

  2. […] сигурно 2010-тата година сте ја зпочнале со соодветен план за истата во кој ги имавте поставено целите за 2010 и […]

  3. […] Процес на бизнис планирање. Оваа е второто издание на постови за процес на бизнис планирање каде се разработени сите елементи кои треба да ги содржи производот од тој процес – бизнис планот. Тука ќе ги најдете сите линкови до упатствата за изработка на бизнис план. […]

  4. […] бизнис план не служи за да се каже дека имате бизнис план и тој да […]

  5. […] Бизнис план грешки можат да бидат страшни за сопствениците на малите бизниси. Понекогаш некои грешки неможат да бидат избегнати, но не значи дека истите грешки треба да бидат повторени. […]

  6. […] менаџмент претставува специјално долгорочно планирање, со кое менаџерите се обидуваат да дојдат до одговор, […]

Speak Your Mind

*