post

[Продуктивност] 20 сигнали дека треба да преземете нешто

Продуктивноста на еден претприемач, денес станува еден од најважните елементи за успехот на бизнисот.

Сепак, се потекнува од претприемачот. Неговото однесување, неговиот начин на работа, неговите навики или пак неговите чекори целосно се вградени во самата компанија и начинот на кој ќе функционира таа компанија.

Следниве 20 точки претставуваат некои од можните сигнали дека треба да поработите на вашата продуктивност.

  1. Вашата “да направам” листа е скогаш полна со премногу задачи и нема изгледи дека набргу ќе се намали.
  2. Постојано доцните со завршување на задачите.
  3. Постојано доцните во сите аспекти на вашиот живот.
  4. Постојано се префрлувате од еден проект на друг без завршување на тековниот.
  5. Ги пропуштате закажаните состаноци.
  6. Ги промашувате роковите кои си ги задавате за задачите или проектите.
  7. Не го одржувате ветувањето.
  8. Постојано кратите од времето за одмарање и времето со семејството.
  9. Вашето работно време постојано се зголемува.
  10. Вашето работно место е доста неуредно.
  11. Организацискиот систем кој го користите не ги дава посакуваните резултати.
  12. Ги гледате можностите насекаде околу вас, но не можете да преземете ништо за нивно искористување, едноставно немате време.
  13. Кога работите на вашиот компјутер ви треба повеќе време за да најдете еден обичен документ или датотека.
  14. Потребно ви е повеќе од 30 секунди за да го најдете документот или канцелариското помагало кога сте во канцеларија.
  15. Мора да станете за да земете и користите нешто што го користите повеќе пати дневно.
  16. Во вашето сандаче за епошта постојано има пивеќе десетици непроцесирани епошти.
  17. Не знаете каде се имате забелешки (ливчиња, тефтери, нотеси, електронски документи…)
  18. Пронаоѓање на белешка или телефонски број навистина станува измачувачки за вас како претприемач.
  19. Купувате апликации за да ви помогнат, но сепак по неколку обиди се откажувате и повторно се враќате на старо.
  20. Одложувате, едноставно до последниот момент за да завршите нешто.

Ова се само 20 сигнали кои кажуваат дека би требало да поработите на подобрување и зголемување на вашата лична продуктивност.

Запомнете вашата продуктивност како еден претприемач ќе има големо влијание на севкупната продуктивност во вашата компанија. Доколку вие не сте продуктивен, не можете да очекувате солидна продуктивност и на компанијата.

Сепак, најважното прашање е дали навистина сакате да се промените и подобрите?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*