post

ПРОИЗВОД КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УБИЕ

Businesspundit објави текст со 25 најлоши пропаѓања на бизниси во кој ги опишува пропаѓањето на бизнисите со одлична бизнис идеа. Она што ни стана интересно е најлошото пропаѓање на трето место за компјутерите кои на многумина од нас било прво среќавање со чудото на тоа време.

Се сеќаваме на времето кога комјутерите беа само 64 килобајти. За што ги користевме? Секако за добри игри за тоа време кои гледани од денешно време се смешни. Во периодот од 1983 до 1986 година големите компании како IBM, Apple и Atari не можеа да се снајдат што им се случува. Commodore64 компјутерите се продаваа во 2 милиони примероци годишно и држеле скоро 50% од пазарот.

Секој производ си има свој животен век или животен циклус кој оди од раѓање до смрт (веќе не се произведува и користи). Затоа компаниите воведуваат нови производи кои ги заменуваат старите кои се во изумирање. Доколку ова не се случи, бизнисот пропаѓа. Така и Commodore се обидува да воведе нов производ кој ќе го замени славниот C64 со побрз и подобар. Но, што се случува? Новиот компјутер е скап и не ги задоволува потребите на потрошувачите за кои би требале да платат многу повеќе пари. Така си продолжуваат со користење на нивната омилена C64-ка.

Како што поминува времето од скалата на животниот циклус на производот се намалува и цената. Така компанијата не можеше веќе да ги произведува C64 по соодветна цена, а новите производи не и се трошеа. Така во 1994 година компанијата банкротираше.

Што може да се научи од искуството на Commodore:

  • Некои производи едноставно неможат лесно да се убијат, искористи ја таквата предност
  • Нов производ треба да ги задоволува потребите на пазарот многу повеќе отколку претходниот
  • Разликата во цена на новиот и стариот производ да не биде драстична, така купувачите ќе можат да ги пробаат новитетите
  • Потребна е соодветна стратегија за замена на производите која ќе биде прилагодена со потребите на потрошувачите.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. VANE SOKOLOVSKI says:

    Nekako me tera da mislam(iako ne sum gi seuste naracal knigite) deka golem del zaedno so Tvoeto iskustvo poteknuva bas od tie knigi za koi zborevme(od Chialdini i sl). Ama zabeleskata mi e vo pozitivna akonotacija. Uste pojke me zasiluva da gi kupam.
    Drugo: citajki gi site tvoi textovi nekako covek brgu se pronaogja vo ona sto saka da go postigne(nov biznis) ili taka mi se cini, ili sme nie tolku pamenti samo sto nekoi uspeale toa da go napisat na list i izdadat(knigite).
    Kako i da e se e dobro da se znae(pa i podseti) ili izvadi od nasata podsvest na povrsina i seto iskoriti vo prav moment na pravo mesto…
    Pozdrav
    p.s.Pa ke vidime kako ke se seto toa inkorporira vo mojata zamisla da vlezam(na pocetok) na oficilaniot pazar -pom prodavnicte vo Strumica so proizvod-sveza pecurka. Ako imas nekoja primedba, sovet, ili kako i da se narece pisi.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Да, Cialdini има завршено одлична работа. Неговите откритија се поткрепени со различни испитување врз различни групи. Знаењето претставува комбинација од практично искуство и се она што некаде е прочитано а што било испробано. Практично искуство се надополнува со прочитаното и обратно прочитаното се надополнува со практично искуство. Тоа е еден систем кој доведува до уникатно знаење на еден претприемач. Знаење кое тешко се копира.

Trackbacks

  1. […] циклус на производите претставува концепт кој особена популарност доживува […]

  2. […] Интересен случај поврзан со оваа фаза од животен циклус на производите кој една многу успешна компанија од 80-тите години на минатиот век ја доведоа до банкрот и губење од глобалната карта на бизниси е опишан во Производ кој не може да се убие. […]

Напиши одговор на VANE SOKOLOVSKI Откажи одговор

*