post

Организациски Промени – 8 Едноставни Чекори за Имплементација

Организациските промени претставуваат процес кој носи подобрување кај бизнисите. Тие се една и единствена константа во бизнис животот но и во животот на претприемачот. Во пракса постои размислување дека организациските промени и процесот на управување со промените претставува нешто многу тешко. Како и да е, доколку имплементирате систем кој ќе обезбеди брза имплементација на процесот на промените веројатноста од неуспех ќе биде многу помала.

Не би сакал да одам низ комплексноста на процесот на промени бидејќи таа комплексност доведува едно чувство на страв кај менаџерите и претприемачите. Кога ќе погледнете во едноставноста тогаш поедноставно е да се започне и имплементира еден таков процес.
За многу менаџери и претприемачи организациските промени претставуваат ноќна мора. Но, доколку тие (менаџери и претприемачи) се фокусирани на вистинските работи и изградат бизнис култура и организациска култура каде промените се широко прифатливи од вработените или организациските членови п-роцесот на имплементацијата ќе биде многу поедноставен.
Постојат повеќе причини за неуспешни организациски промени. Една од најчестите причини е отпорноста кон промените или отпорот кон промените. Во написот од линкот се претставени 28 фактори кои предизвикуваат отпорност кон промените. Овие фактори не се некоја измислица туку резултат од едногодишно мое истражување во однос на отпорноста кон организациските промени во 80 компании во Република Македонија. Доколку имате систем кој ќе ве информира за изворите на промените и доколку проверите дали постојат некои од факторите кои би предизвикале отпорност и ги елиминирате навремено пред започнување на процесот на имплементацијата ќе бидете на половина пат од успехот на проектот.

8 Едноставни чекори за имплементација на Организациски промени

  1. Имплементација на систем за следење на организациските промени. Најважниот дел од процесот на организациските промени е да се знае кога да се промени нешто и што е тоа нешто што треба да се промени. Доколку ги знаете вистинските предмети на промена и вистинското време и место на таа промена ќе бидете на половина пат до имплементација на успешни промени. Деловното разузнавање е процес кој обезбедува еден ваков систем.
  2. Изработка на план за имплементација на промените. Планот на процесот на имплементација на организациски промени претставува патоказ за успешен процес на промени кај бизнисите. Овој план мора да одговори на прашањата како што се: Што да се менува, кога да се менува и како да се менува.
  3. Пронајди ги можните фактори кои може да предизвикаат отпорност кон промените. Веќе го споменав написот за 28 фактори кои предизвикуваат отпорност кон промените, прочитајте го внимателно и размислете во однос на сите фактори дали има можност да се појават во Вашиот процес на промени.
  4. Намалете го влијанието на факторите на процесот уште пред имплементација на истиот. Пред да започнете со процесот на имплементација ќе мора да го намалите влијанието на факторите кои може да предизвикаат отпорност кон процесот на имплементација на промените. На ваков начин ќе го подобрите иницијалниот план бидејќи ќе добиете добри препораки од вработените и сите членови на бизнисот што би се противеле доколку нивните предлози не бидат вклучени во процесот на имплементацијата.
  5. Имплементирајте го процесот на промените. Кога ќе завршите со надминување на отпорноста кон промените можете да започнете со процесот на имплементацијата. Поминете низ сите планирани активности од чекорот 2 или ажурираниот план од чекорот 4.
  6. Прославете ја успешната имплементација. Ова е доста едноставен чекор, но сепак многу важен и честопати се заборава. Зошто е важен овој чекор? Доколку процесот на имплементација е успешен и го прославите успехот со Вашите вработени, мотивацијата за наредните процеси на промени ќе се зголеми. А, наредниот процес продолжува веднаш. Се сеќавате од почетокот дека промената е една константа во бизнис животот.
  7. Мерете ги резултатите. Мерење на резултатите е важен чекор во процесот бидејќи ќе можете да видите како процесот на промените после имплементацијата влијае на бизнис перформансите. Доколку нешто не оди онака како што е планирано, тогаш променете го или вклучете го во наредниот чекор.
  8. Рестартирајте го целиот процес повторно.

Можете да забележите дека ова е еден сличен процес како Lewin-Schein-овиот процес на организациски промени:

  • Одмрзнување – потреба од промени и подготовка на терен за промени.
  • Акција – Имплементација
  • Замрзнување – Стандардизирање и мерење на резултати.

Велам Lewin-Schein-ов процес бидејќи овој процес за првпат е предложен од Kurt Lewin а потоа доработен и разработен од страна на Edgar Schein. (Нешто што длабоко го проучував пред едно 5 години). Разликата е во комплексноста на речениците и чекорите.
Совет за крај: Гледајте во едноставноста пред комплексноста – процесот е поедноставен.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] успешен бизнис. Колку побргу претприемачот свати дека промената е секојдневие на неговиот бизнис толку подобро за […]

  2. […] еден бизнис или пак организациски систем. Но, успешна имплементација на организациски промени зависи од три […]

  3. […] ќе треба да размислите за тоа како технолошките промени (кои се постојани) ќе учествуваат во Вашиот бизнис. […]

  4. […] Ова се надворешни и внатрешни промени кои бараат организациски промени во еден […]

  5. […] на организациските промени се основа за секоја организациска промена. Промените се постојани. Малите бизниси се тие кои се […]

Speak Your Mind

*