post

Прво зошто, потоа како

Како еден претприемач вие сте градите. постојано градите нешто. Градите бизнис. Градите процеси, нови производи, услуги…

И тоа е во ред, тоа е вашата задача. Но, дали начинот на кој започнувате со градењето е оној вистинскиот?

Често пати кога градиме нешто (бизнис, процеси, нов производ или услуга) започнуваме со барање на одговор на прашањето како да го направиме тоа и тоа.

Во ваква ситуација многу ни е поважно што треба да направиме и кои се чекорите кои треба да ги спроведеме, заборавајќи на суштината – зошто треба да направиме нешто и која е целта или што треба да се постигне со тие наши активности.

Затоа наместо како да направиме нешто треба да започнеме со зошто треба да направиме нешто.

Зошто нов производ или услуга?

Зошто ни е потребен нов процес?

Зошто започнуваме бизнис?

Тоа се клучните прашања од кои треба да започнете да ги барате одговорите пред и да помислите да го направите првиот чекор или да се концентрирате на како. Тоа се основите.

Откако ќе ги знаете основите (зошто) ќе можете да се фокусирате на техниките (како) бидејќи веќе ќе ги разбирате зошто треба да ги користите тие техники.

Во обратна ситуација, кога започнувате со како без да разберете зошто, веројатноста за успехот е многу помала, бидејќи едноставно техниките се користат без да се има суштинско разбирање за причините за нивно користење. 

И основите на лин стартап претпоставуваат да преживеете доволно долго пред да останете без пари, време или пак желба… За да изградите нешто што пазарот ќе го сака, ќе мора да дознаете што сака пазарот уште пред да започнете со градењето. А оваа значи дека нема да губите пари и време во градење на нешто што едноставно вие мислите дека пазарот го сака, за да после извесен период на макотрпна работа увидите дека никој не купува од вас.

Оваа недела ќе имаме и едно видео кое ќе го објасни иновативниот процес кој се фокусира на како наместо на зашто, преку пример на една популарна серија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*