post

Како вашата работа да стане вистинско уживање

Како вашата работа да биде навистина едно необично доживување испреплетено со задоволство и „уживанција”? Оваа прашање е важно за секој претприемач бидејќи многу брго по иницијалното започнување и таа иницијална пасија започнуваат да се чувствуваат доста разочарувачки.

работа

Причините за една ваква ситуација лежат во грешките кои ги прават кога го градат нивниот стартап, но и поради грешките кои потекнуваат од самата личност на еден претприемач.

Секогаш кога работам со потенцијални претприемачи на развој на нова бизнис идеја која сакаат да ја имплементираат или трансформираат во нов бизнис, секогаш започнуваме со него како централна точка на се останато што треба да се прави или постигне. На таков начин можеме да бараме одговор на прашања како што се:

  • Каква е нивната визија за самите себеси?
  • Кои цели тие сакаат да ги постигнат на личен план?
  • Што претставува нивната сопствена бизнис потенцијална енергија базирана на нивното знаење, вештини и искуство?

Како што можете да забележите, овие прашања ќе не водат низ процесот на редизајнирање на нивната иницијална идеја за да биде поблиска до самите нив и потоа ќе излеземе надвор за да продолжиме со следни итерации на самата идеја базирајќи се на пазарот и купувачите од тој пазар.

9 Совети за креирање на уживанција на работа

Следниве 9 совети ќе ви овозможат да си креирате работа за вас која навистина ќе претставува вистинско уживање да се работи.

  1. Работете го само онаа што сакате да го работите. Зошто би работеле нешто што не сакате да работите? За пари секако е најчестиот одговор кај нас. Но, запрашајте се вреди ли. На што се радувате на животот кој го живеете, на осумте или десет или дванаесет часови на работа која не ја сакате или пак на парите кои ги добивате? Прашањето зошто би го работеле онаа што не сакате да го работите е важно прашање, но во повеќето случаи не можеме да дадеме позитивен одговор бидејќи веќе сме си ја „зае….” нашата кариера. Оваа значи дека поради надворешен притисок одлучуваме да си ја уништиме и кариерата и животот во целина.

  2. Работете го само онаа што навистина знаете да го работите. Доколку навистина сакате да уживате во работата ќе треба целиот ваш фокус да го насочите само на работата која навистина знаете многу добро да ја завршувате. Не можете да учекувате дека ќе уживате во нешто што не знаете како да го направите.

  3. Работете само на онаа за што навистина имате пасија за да го работите. Пасија претставива посебен вид на емоција која ви носи силен позитивен афинитет или чувство за специфична работа која ја изведувате. Мора да имате доволна пасија кога го работите онаа што го работите, бидејќи вашата пасија е еден од најсилните поттикнувачки сили за вас која ќе ви донесе вистинска „уживанција” во работата.

  4. Работете го онаа што може да биде комбинирано со уживање. Различни задачи продуцираат различен вид на „уживанција” и некои од нив не може да бидат нешто во што вие би уживале. Доколку можете да го комбинирате уживањето со работата, тоа е најдоброто можно решение за вас како еден претприемач.

  5. Обидете се работата да не е нешто што ќе ве одалечи од одморот. Одреден вид на работа не може да ви го овозможи оваа, но со денешната технологија која ја имате во вашите раце се повеќе работни задачи може да бидат изведени едноставно додека се наоѓате на одмор. Зошто да не се обидете да имплементирате такви алатки во вашата секојдневна работа.

  6. Работете само на работни задачи кои обезбедуваат постигнување на вашите лични цели. Како еден претприемач вие имате и лични и деловни цели. Но, нивната комбинација во вашите напори за да ги постигнете и двата вида на цели не е баш некоја лесна задача за вас. Секогаш обидувајте се приоритетот да го ставите на задачите кои ќе придонесат во постигнување на вашите бизнис и лични цели истовремено.

  7. Работете на нешто за што уживате да учите. Работење во многу случаи значи и учење на нешто ново. Секоја работа која ја работите ќе го зголеми вашето искуство и вашите вештини. Доколку навистина нешто сакате да научите, тоа е одличен знак дека ќе уживате во работата која е дел од тоа што сакате да го научите.

  8. Базирајте ја вашата работа на најголемите приоритети за да ги постигнете вашите цели, а елиминирајте се онаа што ќе остане. Пишувајќи го овој текст, размислувам за тоа како други луѓе се обидуваат да ми ги уништат моите приоритети со испраќање на неколку епошти кои ги добив денес. Во некој од следните наслови ќе споделам како ќе се справувам со овие напади во иднина. Доколку сакате да уживате во работата не дозволувајте други луѓе да носат приоритети за вас на ваша маса. Создадете свои приоритети и придржувајте се во целост кон нив.

  9. Доколку работата која што ја работите не ве прави среќен, запрете да ја работите и обидете се со нешто друго. На крајот, секоја работа треба да ви обезбеди среќен живот и на работа и дома. Доколку тоа не е случај, треба ли вршите тортура на самиот себеси? Сменете ја работата и работете го онаа што навистина ве прави среќен.

Прашање: Каков вид на работа вие изведувате? Дали таа претставува „уживанција” за вас и зошто? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*