post

Фаза раст од животниот циклус на производите

Животни циклуси на производи - фаза раст

Животни циклуси на производи - фаза раст

Стигнавме до фазата раст од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба. Оваа фаза на нов производ претставува знак дека производот успешно го проживува своето детство и дека успешно се завршени претходните две фази. Ова значи дека кога производот ќе ја преживее фазата на виведување окарактеризирана со спор прогрес ќе навлезе во еден период на голем раст.

Карактеристично за оваа фаза е дека купувачите кои го купиле новиот производ го изложуваат да бидат видени со него или едноставно разговараат со сите свои блиски со што обезбедуваат експоненцијален раст на желба за купување и кај другите. Можете да видите како се движи оваа во постот за вирозен маркетинг. Во оваа фаза отпорот кон купување на тој нов производ драстично се намалува и претставува резултат на сите претходни активности на еден претприемач или еден бизнис.

Но, сеуште не е време за опуштање. Или поточно кажано во бизнисот никогаш не можеме да бидеме опуштени. Првичниот успех на тој производ нема да остане незабележан од страна на конкуренцијата. Набргу на пазарот ќе навлезе и конкуренцијата со некаков вид на супститут на тој производ. Потребно постојано следење на движењето на продажбата, цените, побарувачката и секако можноста за достава на потребна количина.

Фазата на раст на било кој производ претставува секогаш интересна за конкурентите.Таа е знак дека еден пазар веќе е оформен и дека на готово ќе може да се навлезе на истиот. Затоа мора да се мисли на инкрементални подобрувања и нови подобрени верзии на производот за да се задржи почетниот раст на продажбата на тој производ и секако да се одржи профитабилноста на бизнисот на високо ниво.

Накратко ќе се обидам да презентирам неколку активности на кои би требало да се насочите вооваа фаза.

1. Разбивање на отпорот кон новиот производ

Отпорот секогаш ќе постои. Нов производ значи замена на стариот и секако промена на навики на корисниците. Промените секогаш се проследени со отпор кон истите. Доколку успееме да ја распространиме веста за корисноста на тој нов производ, докажеме дека е компатибилен со претходниот производ и дека е помалку комплексен за користење во голем дел ќе успееме тој отпор да го одржиме на едно ниско – прифатливо ниво.

2. Следење на продажбата и брзината на растот

Многу е важно да ја следите продажбата како би можеле да ја мерите и брзината на растот на таа продажба. Тоа се директни информации од пазарот и даваат идеја за тоа како се прифаќа тој производ.

3. Следење на конкуренцијата

Конкуренцијата е уште еден значаен фактор за успешен раст на продажбата на еден нов производ и/или услуга. Едното око постојано треба да ви биде кон конкуренцијата која секако ќе биде привлечена од првичната успешност на тој Ваш нов производ.

Сватете го ова како една ваша директна предност затоа што Вие веќе ќе сте повеќе време на пазарот, и ќе можете да играте на картата на постојани подобрувања.

4. Следење на цените

Обично новиот производ навлегува на пазарот со висока цена за да се покријат трошоците за истражување и развој и секако производство во помали серии. Но, како што расте продажбата и секако побарувачката се отвора можност од намалување на цената во случај на навлегување на други играчи на пазарот.

5. Стратегија на подобрување и нови верзии

Не можеме да очекуваме дека се ќе биде перфектно. Видете што се случи со Apple и проблемите со антената на новиот iPhone 4. Набргу по проширување на оваа вест се прошири и веста дека Apple вработува инженери кои треба да работат за елиминирање на тој производ. Затоа многу е подобро да имате стратегија за постојано подобрување на тој Ваш нов производ.

6. Постојано подобрување

Доколку сакате да ја задржите конкурентската предност во оваа фаза во која е карактеристечен голем прилив на пари од продажбата не е лошо да издвоите дел за подобрување и нови верзии.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] да преживеете и Вашиот бизнис да бележи постојан раст ќе мора да знаете каде се наоѓате, што се случува околу […]

Speak Your Mind

*